1900
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1900 (MCM) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1900 година од новата ера, 900. од вториот милениум, последна од XIX век и прва од 1900-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7408 и 7409 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6650 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5660 и 5661 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2653.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1900 година се протега во 4536 и 4537, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4596 и 4597 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2443. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1317 и 1318 исламска година.
Remove ads
Настани
- 1 јануари - Нигерија станува британски протекторат.
- 9 февруари - Двајт Дејвис го основа Дејвис купот.
- 27 февруари - Основана е Британската лабуристичка партија.
- 30 април - Хаваи станува територија на САД.
- 14 мај - Отворени се Вторите модерни олимписки игри во Париз.
- 18 мај - Британија прогласува протекторат над Тонга.
- 21 мај - Русија ја напаѓа Манџурија.
- 29 јули - Италијанскиот крал Умберто I е убиен во атентат извршен од еден анархист.
Remove ads
Родени
- 5 февруари – Адлај Стивенсон, американски политичар
- 10 март - Пантелис Пулјопулос, грчки троцкист
- 16 март – Менча Крничева, револуционерен деец на Внатрешната македонска револуционерна организација
- 23 март – Ерих Фром, германски пхисоаналитичар
- 5 април – Спенсер Трејси, американски глумец
- 26 април — Чарлс Рихтер, американски сеизмолог
- 1 мај – Игнасио Силоне, италијански писател
- 4 мај - Антун Аугустинчиќ, хрватски вајар
- 17 мај - Хомеини, ирански ајатолах
- 29 јуни – Антоан де Сент Егзипери, француски пилот и писател
- 3 септември – Урхо Кеконен, фински претседател
- 6 септември — Влко Червенков, бугарски политичар
- 7 октомври - Хајнрих Химлер, германски нацистички водач
![]() |
![]() |
Починале
- 29 јули – Умберто I, италијански крал
- 7 август - Вилхелм Либкнехт, германски социјалдемократски политичар
- 25 август – Фридрих Ниче, германски филозоф
- 30 ноември – Оскар Вајлд, ирски писател
![]() |
![]() |
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads