Ловинац

општина во Личко-сењската жупанија, Хрватска From Wikipedia, the free encyclopedia

Ловинацmap
Remove ads

Ловинац (хрватски: Lovinac) — општина во Личко-сењската жупанија, Хрватска. Општинско седиште е селото Ловинац.

Кратки факти Ловинац Lovinac, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото Ловинац е сместено на 35 км од Госпиќ, југоисточно од Личкото Поле — најголемото карстно поле во Хрватска. Во минатото најкраткиот трговски пат од внатрешноста на Лика до морето минувал низ Ловинац.

Бројот на посетители во последно време е поголем, претежно поради изградбата на делницата на автопатот А1.

Население

Општината брои вкупно 1.007 жители, од кои 90 % се Хрвати, што претставува мал пад во споредба со 1.096 жители попишани во 2001 г.[1]

Села

  • Враник — 19 жит.
  • Горња Плоча — 22 жит.
  • Кик — 3 жит.
  • Личко Церје — 117 жит.
  • Ловинац — 288 жит.
  • Радуч — 11 жит.
  • Ричице — 114 жит.
  • Свети Рок — 292 жит.
  • Смокриќ — 55 жит.
  • Штикада — 175 жит.

Крај Ловинац се сместени и селцата Пилар (нас. 45) и Вркљани (нас. 27).[2]

Историја

Над селото Ловинац се наоѓаат рушевините на средновековната утврдена населба Ловинац, каде се пронајдени предмети од римско време. Во средниот век селото било во владение на благородничкото семејство Ловинчиќ. На почетокот на XVI век, селото му припаѓало на банот Иван Карловиќ, сè до 1522 г. кога е освоено од Османлиите. По истерувањето на Турците во 1689 г. во селото се доведени Буњевци, кои го населуваат и денес.

Remove ads

Знаменитости

  • Стара тврдина
  • Здуниќева кула
  • Ковачевиќева кула — единственото здание преостанато од времето на турската власт.

Образование

  • Основно училиште подрачни училишта

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads