Локална анестезија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Локална анестезија е било која техника која се користи за да предизвика отсуство на осет на одреден дел од телото,[1] најчесто за да се поттикне локална аналгезија, односно локална нечувствителност на болка, иако можат да бидат зафатени и други локални сетила. Тоа им овозможува на пациентите да бидат подложени на хируршки и стоматолошки зафати без да чувствуваат болка и да бидат вознемирени. Во многу ситуации, како што е царски рез, овој начин е побезбеден за разлика од општата анестезија. Исто така се користи против болка којашто не е предизвикана од хируршки зафат и за да се овозможи дијагностицирање на некои хронични заболувања. Анестезиолозите понекогаш користат техники на комбинирање на општа и локална анестезија.
Следниве поими често се користат наизменично:
- Локална анестезија, во конкретна смисла е анестезија на мал дел од телото како што е заб или дел од кожата.
- Регионалната анестезија е насочена кон анестетирање на поголем дел од телото како што е рака или нога.
- Спроведувањето на анестезија опфаќа голем број на локални и регионални техники за анестезија.
![]() | Оваа медицинска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads