Локална јамка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Локална јамка
Remove ads

Локална јамка — она што го поврзува корисникот на мрежата со првото ниво опрема на мрежата на која е претплатен.

Thumb
Крајот на локална јамка (усучена парица) кај корисникот

Овој елемент може да биде физички како што е усучена парица или оптичко влакно во случај на телефонска мрежа, или нематеријален како електромагнетен бран во случај на безжична локална јамка или на мобилна телефонска мрежа.

Телефонска локална јамка

Телефонската локална јамка е дел од телефонската линија (бакарни парици) што се протега од главниот разделник на телефонската компанија до телефонскиот приклучок на претплатникот. Физички, тоа се сите урбани кабли кои можат да се видат на улиците, подземните кабли, како и парицата жици што доаѓа кај корисникот.

Во Европската Унија

Со цел да се отвори кон конкуренцијата, регулативите на Европскиот парламент и Совет ги специфицираат одликите на локалната бакарна (или телефонска) јамка.

Европската регулатива n .2887/2000 [1] што се однесува на разврзување на пристапот до локалната јамка на тој начин ја дава следната дефиниција за бакарната локална јамка:„метално физичко коло на фиксната јавна телефонска мрежа што ја поврзува завршната точка на мрежата во просториите на клиентот со главниот разделник или друг еквивалентен објект“.

Во Македонија

Во Македонија, локалната бакарна јамка е во сопственост на традиционалниот оператор Македонски Телеком. Разврзувањето на локалната јамка во Македонија се случило во 2005 година.

Remove ads

Безжична локална јамка

Локалната јамка, физичката основа на податоците, не е нужно материјален. На пример, безжичната локалната јамка (БЛЈ) овозможува поврзување на клиентите со радиобранови.

Оптичка локална јамка

Оптичката локална јамка овозможува пристап до интернет со многу голема брзина (обично еднаква или поголема од 100 Mbit/s); може да се состои од оптички влакна од крај до крај (FTTH) или комбинација од влакна и завршетоци во коаксијален кабел (стандард DOCSIS) или бакарни парици (VDSL2 или G.fast).

Економски прашања

Локалната јамка е многу посакуван елемент, бидејќи неговото изнајмување е најскапиот дел од претплатата на интернет. Трошоците на фиксната мрежа за пристап (локална бакарна јамка во овој случај) од алтернативните оператори се околу 13 евра по претплатник месечно (околу 90 % од трошоците на мрежата) [2] .

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads