Локомотива Dn2t
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бригадната локомотива 0-8-0T на Henschel е компактна 10-тонска локомотива воведена 1905 година од страна на германската воeна железница (Feldbahn), а нејзин производител е „Henschel & Sohn“ од Касел, Хесен, Германија, а подоцна и од други производители.

0-8-0T/Dn2t на Henschel прeд депото на МЖ во Скопје
До 1918 се изработени и испратени низ целиот свет околу 2500 парчиња, за југозападната африканска железница, тогашниот дел од германската колонија, како и на западниот фронт и на Балканот каде служела за транспорт на војници и дотур на материјали.
Конструкцијата на подвозот е со две фиксни и две флексибилни оски, т.н. шуплива оска КЛИН-ЛИНДНЕР (KLIEN-LINDNER) систем со радијална зглобна рака која многу полесно ги следи кривините од крутите оски.
Во Република Македонија оваа локомотива масовно се употребувала сè до 1969 година кога е повлечена од употреба. Останати се две вакви локомотиви, од кои една е во паркот на населбата Ѓорче Петров ЈЖ 99.4-025, а втората пред железничката станица во Кичево ЈЖ 99.4-053. Зачувана е уште една бригадна локомотива која е однесена во Белград и поставена пред музејот на железници со ознака ЈЖ 99.4-084.
Remove ads
Надворешни врски
- Бригадна локомотива Архивирано на 5 јануари 2008 г. од теснолинејка во Македонија
- Дислокација на историското вовче Архивирано на 26 септември 2007 г. По барање на кичевскиот музеј, Утрински весник, 16 октомври 2006
Поврзано
![]() | Оваа статија за сообраќај е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads