Пионерско вовче

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Пионерското вовче го добило името по кондуктерите кои биле пионери, деца на железничарите од блиската железничка колонија. Пионерите со железничка капа и пионерска марама биле одговорни за сигнализацијата за тргнување и застанување на возот.

Неговата траса била од почетната станицата „Стив Наумов“, во Градскиот парк во Скопје крај езерцето (денешната кафеана „Езерце“) низ густатата шума во тоа време на паркот, па по течението на Вардар и неговите плажи, преку железничкиот мост на Вардар до Ѓорче Петров и понатаму до излетничкото место Сарај и крајната станица „Борка Талевски“ во село Глумово покрај излетничкото место Матка на реката Треска.

Remove ads

Историја

На 8 мај 1948 година се демонтира линијата со тесен колосек (600 mm) СкопјеЃорче Петров, а потоа и кон Гостивар.

Шините, праговите, локомотивите и вагоните се префрлаат за ново трасирање на потегот од Градскиот парк во Скопје до Глумово покрај излетничкото место Матка.

На 21 јули 1948 година, градено во само два месеца, свечано е пуштено во сообраќај Пионерското вовче, од почетната станица во Градскиот парк денеска наречено Езерце.

Remove ads

Поврзано

Надворешни врски

Примери за зачувана традиција и туристичка атракција

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads