Луис Оливеира

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Луис Аиртон Баросо "Лулу" Оливеира (роден на 24 март 1969 година, во Сао Луис, Бразил) — белгиски тренер и поранешен играч, со бразилско потекло, кој играл на позицијата напаѓач.

Кратки факти Луис Оливеира, Лични податоци ...

Тој во моментов е тренер на италијанскиот нисколигаш Муравера.

Remove ads

Кариера

Играч

Оливеира го поминал најголемиот дел од неговата играчка кариера во Италија. По почетоците во Белгија во дресот на Андерлехт за кој играл од 1988 до 1992, тој се преселил во Каљари во Серија А пред почетокот на сезоната 1992-93. Набрзо тој станал еден од клучните играчи на сардинијците, а во сезоната 1995-96 бил најдобар стрелец на тимот со 15 постигнати гола. По оваа мошне успешна сезона за него екипата Фјорентина го довела во својте редови во летото 1996. Оливеира имал три успешни сезони во дресот на виола, но во зимата 2000 година се вратил во Каљари. И во својте подоцнежни години од кариерата тој останал да игра во тимови од Италија сè до крајот на неговата кариера, настапувајќи за: Болоња во Серија А една сезона (2000-01); Комо, Катанија, Венеција во Серија Б; Фоџа и Лукезе во Серија Ц1; Нуорезе во Серија Ц2 и на крајот за Дертона во Серија Д.

За репрезентацијата на Белгија има вкупно 31 настап и 7 постигнати гола. Тој ја претставувал својата репрезентација на Светското првенство 1998 во Франција и бил стартер во сите три натпревари од групната фаза, во која Белгија била елиминирана со освоени 3 бода завршувајќи на 3. место.

Тренер

По завршувањето на играчката кариера станал тренер на малку познатиот италијански клуб Муравера.

Remove ads

Титули

Белгија Андерлехт

  • Белгиско првенство : 1991
  • Белгиски куп : 1988, 1989

Италија Фјорентина

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads