Лукенвалде

град во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia

Лукенвалдеmap
Remove ads

Лукенвалде (германски: Luckenwalde) — град и адмистративно седиште на округот Телтов-Флеминг во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа на реката Нуте северно од Флеминг, на источната граница со природниот парк Нуте-Ниплиц, околу 50 километри јужно од Берлин. Во градот влегуваат и селата Франкенфелде и Колценбург.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Лукенвалде во рамките на округот Телтов-Флеминг ...
Remove ads

Историја

Thumb
Фабрика за шапки

Поранешната словенска населба Лугкин (Lugkin) била освоена од маркгрофот Конрад Ветин во текот на Крстоносните походи против Словените во 1147. Замокот Лукенвалде бил првпат споменат во декрет од 1216 како бургвард на Бискупијата Бранденбург, бил стекнат од Опатијата Цина во 1285. Заедно со Цина останал под власта на Надбискупијата од Магдебург и неговиот наследник, пруското Војводство Магдебург пред да биде додаден на Маркгрофовијата Бранденбург во 1773.

Започнувајќи во 17 век, фабриките за облека и волна во Лукенвалде не добиле поттик до власта на кралот Фридрих II, кога се развиле како едни од најголемите во Германија. Други традиционални индустрии биле боење на памукот и правење бои, пиварници и металската индустрија. Во 1808, Лукенвалде официјално ги добил градските права.

Во 1923, архитектот Ерих Менделсон ја изградил фабриката за шапки Херман, пресвртница во експресионистичката архитектура. Во текот на Втората светска војна постоел камп за воените заробеници. Исто така имало и работен камп за цивили. Нацистите ги принудувале луѓето да работат за нив со закана за нивните семејства. Недостигот на храна и силната работа убила илјадници работници. Помеѓу нив имало Полјаци, Италијанци, Французи и многу други.

Remove ads

Родени во Лукенвалде

  • Ханс Фројдентал (1905-1990), математичар
  • Катерина Рајхе (р. 1973), политичарка
  • Илка Бесин (р. 1971), комедијант
  • Руди Дучке (1940–1979), портпарол на германското движење во 1968, изразнат во Лукенвалде

Меѓународни односи

Лукенвалде е збратимен со:

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads