Телтов-Флеминг

округ во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia

Телтов-Флемингmap
Remove ads

Телтов-Флеминг (германски: Teltow-Fläming) — округ во југозападниот дел на Бранденбург, Германија. Соседни окрузи се (од исток надесно) Даме-Шпревалд, Елба-Елстер, окрузите Витенберг во Саксонија-Анхалт, округот Потсдам-Мителмарк и главниот град и покраината Берлин.

Кратки факти Телтов-ФлемингTeltow-Fläming, Земја ...
Thumb
Опатијата Зина во Јутербог, Бранденбург, Германија
Remove ads

Географија

Округот е именуван по двете главни области. Телтов е земјоделски појас јужно од Берлин. Флеминг е пошумен ридски масив во јужниот дел; делот од областа сместен во округот е наречен Долен Флеминг, додека Горен Флеминг се наоѓа во округот Потсдам-Мителмарк.

Историја

Округот бил создаден во декември 1993 со спојување на претходните окрузи Лукенвалде, Јитербог и Цосен, но исто така и мали делови од другите поранешни окрузи, како Лукау.

Разно

Во периодот од 1997 до 2001, округот имал најголем пораст на БДП од сите окрузи во Германија со стапка од 56,1%.[2]

Флеминг-Скејт („Fläming-Skate“) — 160 километри долга патека специјализирана за возење ролерки, единствена од таков вид во Германија.

Интересно, градот Телтов не е дел од округот Телтов-Флеминг, како што и градот Даме не е дел од округот Даме-Шпревалд.

Грб

Thumb Грбот го покажува орелот на Бранденбург во левиот дел, бидејќи маркгрофовите на Бранденбург започнале да владеат со северниот и северозападниот дел на округот во 13 век. На десно е бастунот на игуменот. Ја симболизира верската држава Магдебург, на која припаѓале јужниот и средишниот дел на округот. Црнобелата шаховница потекнува од династијата Торгов, кои ја поседувале областа околу Цосен до 1478.
Remove ads

Градови и општини

Повеќе информации Слободни градови, Слободни општини ...

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads