Луле (река)

река во Шведска From Wikipedia, the free encyclopedia

Луле (река)map
Remove ads

Луле (шведски: Lule älv, Luleälven; луле сами: Julevädno) — голема река во Шведска која извира од северот на земјата и тече на југоисток во должина од 460 км, па се влева во Ботнискиот Залив кај Лулео. Ова е втора река по должина и сливна површина во округот Норботен (по Турне, само малку поголема од Каликс (исто така долга 460 км, но помалку полноводна).

Кратки факти Луле, Изворно име ...

Сливот зафаќа површина од 25.240 км2. Од нив, 24.545 км2 отпаѓаат на Шведска, а 695 км2 на Норвешка.

Remove ads

Историја

Во XIX и XX век реката била одредена како одранбена линија за заштита од инвазија од Руската Империја, а подоцна и од Советскиот Сојуз. Долж целото течение се изградени многу утврдувања, од кои најзабележителна е Буденската тврдина над градот Буден. Највеќето утврдувања и бункери денес не се во употреба.

Течение

Реката Големо Луле извира некаде кај Сорјосјауре од планините западно од Јеливаре. Водата се влева во езерото Вирихауре, кое исто така прибира вода од Керкеваре (преку Кетаурејок) и Алкајауре (преку Милетно). Во Вирихауре Луле ја прима притоката Тукејок. Понасевер реката доаѓа до езерото Вастенјауре.

Потоа Луле тече преку Вуојатетно во езерото Кутјауре, а потоа во езерото Луоктанјаркајауре, собирајќи многу вода од други езера во Националниот парк Сарек како што е Салохауре и од шведско-норвешката граница. На реката има бројни водопади и брзаци. Најпознат е водопадот Стура Шефалет на крајот од езерото Акајауре со висина од 39,6 м, на потегот од Коршејауре до Лангасјауре. Во ова езеро на Луке му се приклучува реката Виетсајок. Најголемо од сите езера на реката е Големото Лулско Езеро. Овде течението доаѓа до шума, и потоа ја прима притоката Мудус од Националниот парк Мудус.

Кај селото Вуолерим ја прима притоката Мало Луле. Луле минува низ Порсифорсен, Едефорс and Хеденсфорс. Се влева во Балтичкото Море низ фјордовите Белинге и Луле.

Други реки во воводелницата на Луле подолги од 100 км се: Црна Река, Фларкон, Мало Луле, Перл, Рисајоко, Виетасетно и Будтрескон.

Remove ads

Стопанство

Реката е важен извор на хидроенергија, и на неа се наоѓа најголемата хидроелектрана во ШВедска.[3] Најголем водопад на Луле е Харсронгет (порано Нјомелсаска).

Порано реката доста се користела за пренос на дрвена граѓа, трупците се пуштале низводно за обработка во Лулео, но ова запрело на почетокот на 1980-тите. По течението има неколку поголеми брзаци, особено Стурските Водопади и оние во Порјус и Харспронгет.

Поврзано

  • Список на реки во Шведска

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads