Луј XIV
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Повеќе информации На престол, Крунисување ...
Луј XIV (роден на 5 септември 1638 во дворецот Сен Жермен ан Ле - починал на 1 септември 1715 во Версај) бил крал на Франција од Бурбонската династија и крал на Навара. Тој бил син на кралот Луј XIII и Ана Австриска. Станал крал на 14 мај 1643, на само 4 години. Во негово име како регент владеела неговата мајка, Ана, која власта ја пренела во рацете на кардиналот Жил Мазарен. По смртта на Мазарен, во 1661, Луј XIV ја презел контролата над владата. Владеењето на Луј XIV, познат и како „крал-сонце“ и „Луј Велики“ траело 72 години. Тоа е најдолгото владеење во историјата на Европа. Успеал да ја зголеми моќта и влијанието на Франција во Европа. Војувал во три големи војни (Француско-холандската војна, Војната на големата алијанса и Војната за шпанското наследство) и две помали (Деволуционата војна и Војната за повторно соединување).
|
Затвори
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
Remove ads