Мавзолеј

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мавзолеј
Remove ads

Мавзолеј (множина: мавзолеи) — самостојна градба изградена како монументален надгробник, во која е сместена погребна комора со смртни останки на значајна личност или личности.[1][2] Гробницата што не содржи смртни останки се нарекува кенотаф („празна гробница“).[3]

Thumb
Мавзолеј на гробиштата во Буенос Аирес

Првиот мавзолеј

Зборот мавзолеј потекнува од името на карискиот крал Мавзол, кој владеел од 376 г. до 353 г. пр. н. е. По неговата смрт, неговата сестра и вдовица Артемизија нарачала изградба на великолепна гробница во негово име, во главниот град Халикарнас (денешен Бодрум, Турција, во Мала Азија). Завршен околу 350 г. пр. н. е., овој прв мавзолеј станал едно од седумте чуда на древниот свет.

Градбата била во облик на 24-скалеста пирамида, висока 45 метри, со речиси квадратна основа со обем од околу 125 м. Споменикот бил поддржан од 36 столба, а на врвот се издигала впечатлива статуа на кочија влечена од четири коња. Цели 16 века мавзолејот бил во добра состојба, сè до силниот земјотрес во 1304 г., кој предизвикал негово рушење. До средината на XVI век, речиси сите камени блокови биле искористени за изградба на тврдини и жителства.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads