Македонски народно-ослободителни песни
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
„Македонски народно-ослободителни песни“ — збирка поезија составена од народни песни во време на народната ослободителна борба, авторот на делото е Коста Рацин. Стихозбирката е последното литературно дело на македонскиот поет Кочо Рацин, истиот ден по печатувањето бил стрелан.[1][2] Делото е најпознато како првото печатно издание којшто ја прикажува денешната химна на Република Македонија.[3]
Два дела на книгата испаднале, првиот дел испаднало во истиот ден кога Кочо Рацин починал, додека вториот дело испаднало посмртно во август 1943 година од истата штампарница но во Битуше наместо Лопушник.[4][5] Првото Делото било скромно испечатено во првата партизанска штампарница „Гоце Делчев“ со околу стотина тиражи. Делото било познато помеѓу партизаните[1] и во македонскиот литературен кружок во Софија.[6]
Remove ads
Историјат
Според сведоци на пристигнувањето на Кочо Рацин во Лопушник во мај 1943 година како дел од одредот „Кораб“, Рацин веќе ги имал песните собрано пред време. Кога влегол во базата носел листови со неговиот ракопис за некој од песните планирани.[7] Според сеќавањата на Митре Инадески, имал повеќе песни собрано и планирано за повеќе дела. Додека другите партизани работеле за печатувањето на збирката со примитивни услови, Рацин истовремено го преведувал Сталиновиот говор за мај 1943 година.[7]
Состав
Коста Рацин истовремено го уредувал и партизанскиот весник „Илинденски пат“. Кога работел во штампарницата планирал за објавувањето на два дела, но само успеал да објави едно.[8] Квалитетот на стихозбирката била добра со споредба на условите на печатување. Содржила само 10 страници и насловна корица, реток примерок на стихозбирката е сместена во Институтот на национална историја во Скопје.[9]
Првиот дел е составено од дваесет песни,[10] додека вториот е составен од единаесет песни. Тие се според редослед:
Први дел
- Изгреј зора на слободата[11] од Александар Морфов
- Партизанска химна на I оперативна зона[12] од Илија Топаловски
- Партизанска[12] од Илија Топаловски
- Времето е дошло[12]
- Слобода е мила[12]
- Македонијо![12]
- Другарката[12]
- Огинот[12] од Венко Марковски
- А бре, Македонче[13]
- Младинци и младинки[13] од Владо Малески
- Во Македонија[13]
- Ура, во борба![13]
- Пушка ми пукна[13]
- Младински марш[13]
- Зората веќе изгрева[13]
- Денес над Македонија[14] од Владо Малески
- Ајдете, браќа[13]
- Луња[13] од Венко Марковски
- О Македонијо[13]
- Миле Поп Јорданов[13]
Втори дел
- Песна на македонските партизани[15] од Владо Малески
- Песна за Мирче Ацев и Страшо Пинџур[15] од Владо Малески
- Песна за Цветан Димов[15] од Владо Малески
- Делчев војвода[15]
- Смилево славно в' оган гори.[16]
- Млада партизанка[15]
- Темен се облак зададе[15]
- Коло комита[15]
- Леле Јано[15]
- Ајде, браќа, станвајте![15]
- От битолските зандани[15]
Remove ads
Македонски гледишта

Последното дело на Кочо Рацин не е познато во исто ниво како Бели Мугри, но уште е почитувано од страна на македонски историчари и фолклористи. Збирката е првата книга произведена од партизанска печатница и првата збирка произведена во Македонија за време на НОБ. Збирката е исто така позната како првата стихозбирка во современ македонски јазик.
Според Владо Малески, којшто стихозбирката користи многумина од неговите песни:
"Тоа беше првиот обид да се соберат во една печатна збирка оние песни со кои умираа нашите борци, песни во кој се повикуваше нашето село, нашиот град на решителна борба за народната слобода"
После ослободувањето на Македонија и создавањето на нова независна република во рамките на Југославија, многумина од делата на Кочо Рацин, Коле Неделковски и Крсте Петков Мисирков биле објавени со втори издании, ист случај било и со збирката на народно ослободителните збирки, но двете збирки биле групирани во едно и главниот уредувач бил Блаже Конески. Конески ги отстранил непознатите и оспорените песни, како Изгреј зора на слободата и го објавил со новиот наслов „Од Борбата“ во 1947 година.[18]
Во 1974 година,[19] Блаже Ристовски објавил книга кадешто ги прикажува сите песни од двете книги, вклучувајќи и Изгреј зора на слободата и другите непознати песни, но со разлика на Блаже Конески, Ристовски ги анализирал какви правописни правила користел Рацин, и каква азбука користел. Во книгата исто така прикажува како песната би било пеано, по кој тон и кој ноти. Секоја песна исто така добива кратко објаснување на сите информации којшто Ристовски можел да најде.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads