Македонски парламентарни избори (2011)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Македонски парламентарни избори (2011)
Remove ads

Предвремените парламентарни избори во Република Македонија се одржаа на 5 јуни 2011 година.[1] Тие биле втори предвремени парламентарни избори од независноста на Македонија и втори предвремени парламентарни избори во низа. На овие избори првпат македонските државјани во странство избрале свои посебни пратеници (во изборните единици 7, 8 и 9), откако оваа можност била воведена со измените на Изборниот законик од октомври 2008 година.

Кратки факти 123 мандати во Собранието 62 места за мнозинство, Регистрирани ...

На изборите победи коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, која по изборите формирала нова Коалициона влада.

Remove ads

Учесници на изборите

На изборите се поднесени и прифатени 18 кандидатски листи, сите од политички партии и коалиции. Севкупно, на изборите учествуваат 53 партии. Од нив, 16 настапуваат самостојно, а 37 во коалициите предводени од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Remove ads

Изборен ден

Гласачко место 1975 во општина Тетово, 10 случаи на семејно гласање при што се искористени 21 гласачко ливче. Гласачко место 0823 во општина Зајас, тројца гласачи гласале без соодветна документација. Гласачко место 0816 општина Зајас, забележано е повеќекратно гласање во име на друг.

Резултати

Повеќе информации Партија/Коалиција, Лого ...
Remove ads

Освоени мандати по политички партии

Иако мандати на изборите добија само 5 политички субјекти (две изборни коалиции и три политички партии), поради големината на коалициите предводени од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, во Собранието на Република Македонија свои пратеници добија 19 партии, а два пратеници влегоа во Собранието како независни. Од 19-те политички партии кои влегоа во Собранието, 11 добија по 1 пратеник.

Распределбата на мандатите по партии е следната:[2]

Повеќе информации Партија/коалиција, Мандати ...
Remove ads

Освоени мандати по изборни единици

Повеќе информации Изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ ...

Распределба на мандатите

Повеќе информации Изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ ...
Remove ads

Реакции

Генералната оценка на некои од невладините организации кои го набљудувале гласањето била дека изборниот процес поминал мирно и демократски. Американскиот амбасадор Филип Рикер и евроамбасадорот Петер Соренсен за време на гласањето изјавиле дека од тоа што можеле да го видат на терен изборите се одвивале во најдобар ред.

Околу 60 граѓани пријавиле нерегуларности за време на изборниот ден до канцеларијата на Народниот правобранител. Најголем дел од поплаките се од граѓани кои не можеле да го најдат избирачкото место, но имало и пријави за притисоци и заплашувања.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads