Али Ахмети

Политичар од Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Али Ахмети
Remove ads

Али Ахмети (албански: Ali Ahmeti; роден на 4 јануари 1959 во Зајас) — македонски политичар од албанска народност, и водач на партијата Демократска унија за интеграција. Претходно бил политички водач на терористичката организација ОНА. Има забрана за влез во Соединетите Држави, Швајцарија и други европски земји, бидејќи е сметан за закана по општата безбедност.[1]

Кратки факти Али Ахмети Ali Ahmeti, Лични податоци ...
Кратки факти Али Ахмети, Прекари ...

Ахмети завршил книжевност во Тирана. Во 1980 станал член на нелегалната организација Марксисти-ленинисти на Косово. На 5 мај 2002 во Домот на културата во Тетово, ја промовирал политичката партија ДУИ, составена главно од поранешни терористи на ОНА, на чија како единствен кандидат е избран за претседател. Членови на Централното претседателство на партијата се Гзим Острени, Азис Положани, Ризван Сулејмани, Хазби Лика, Хисни Шаќири, Теута Арифи, Муса Џафери, Назми Бекири и Рафис Халити.

На Ахмети му била дијагностицирана шизофренија од страна на психијатри во Швајцарија, поради што и бил прогласен за неспособен за труд.[2]

Одлежал две години затвор за „противуставна дејност“ во Македонија.

Голем дел од етнички македонските граѓани на Македонија го сметаат за терорист и одговорен за злосторствата над 12 киднапирани Македонци во Тетовско, работниците на Маврово, Масакр кај Карпалак, Масакр кај Вејце, исклучување на водата за пиење за Куманово од браната Глажња. По случајот на 12 киднапирани Македонци од Тетовско, адвокатот Ванчо Шехтански побарал притвор и кривично гонење на Али Ахмети.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads