Маларија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Маларија
Remove ads

Маларија — заразна болест што ја предизвикува мал паразит наречен плазмодиум. Има вкупно четири видови од овој паразит и секој има свои специфичности, без оглед дали се работи за реакцијата на медикаменти или според местото во организмот по заразата, но и според ефектите што ги има по здравјето на човекот.

Кратки факти Маларија, Специјалност ...
    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).
Remove ads

Симптоми

Thumb
Главни симптоми на маларија

Во зависност од видот на паразитот од родот Plasmodium и времето на инкубација, првите симптоми можат да се јават 7-14 дена или дури и 8-10 месеци по внесувањето на паразитот. Тоа многу зависи и од имунитетот, па можат да се забележат и случаи на потполн имунитет, кој е стекнат со текот на времето.

Симптомите на маларијата, особено во првите неколку денови, не изгледаат ништо поинаку од вообичаените симптоми кои ги имаат некои други болести што ги предизвикуваат бактерии, вируси или паразити. Тоа вклучува зголемена телесна температура, главоболка, замор, засилено потење, повраќање, а можат да се појават и нешто поинакви знаци како суво кашлање, болки во мускулите, зголемување на црниот дроб или дури и нервни дисфункции и губење на свеста, а во најтешките случаи - кома и смрт.

Remove ads

Причинител

Plasmodium falciparum е вид кој географски се простира во тропските и суптропските подрачја, односно околу Екваторот. Заразата со овој паразит може да го загрози животот на заболениот во текот на неколку дена од влегувањето на паразитот во организмот, а кај паразитот постои отпорност на повеќето достапни медикаменати, така што терапијата мора да биде комбинирана.

Thumb
Anopheles albimanus комарецот вцицува крв од човекова рака.

Plasmodium vivax, P. malariae и P. ovale се останатите видови, кои не се толку опасни за човекот. Постојат примери на успешно закрепнување по еден месец, дури и без лекување со признати медикаменти. Можат да се најдат во сите тропски региони во светот, со исклучок на Plasmodium ovale кој е најден само во западна Африка. Plasmodium vivax и P. malariae можат да се сместат во црниот дроб на човекот, што може да предизвика дополнителни компликации и да бара дополнителен медицински третман.

Преносник на овој паразит, а и на самата болест, е женката од еден вид тропски комарец - Anopheles, која со убод го внесува паразитот во човекот. Бидејќи ларвите на комарецот сè до излегувањето од лушпата се наоѓаат под вода, главно во мочуришта, маларијата е најраспространета во мочуришните подрачја. Паразитот се размножува во црените крвни клетки, и ги предизвикува симптомите, а во најтешките случаи предизвикува кома и смрт.

Remove ads

Епидемиологија

Thumb
Распространетост на маларијата во светот:[1]
 Зголемена појава на хлорокински или повеќеотпорна маларија
 Појава на хлорокиноотпорната маларија
 Нема Plasmodium falciparum или отпорност кон хлорокин
 Нема маларија

Годишно од маларија заболуваат околу 350-500 милиони луѓе,[2] од кои умираат 1 до 3 милиони луѓе, најмногу мали деца, а 90% од случаите се во потсахарска Африка.[3] Маларија е еден од најголемите проблеми во светското здравство, бидејќи засега не постои сигурна вакцина. Најдобро е превентивно да се земаат лекови, но најефикасните лекови - prophylactic, се многу скапи за повеќето луѓе кои живеат во реоните каде го има овој комарец.

Лекување

Третирањето на оваа болест со соодветни лекови зависи од видот на Plasmodium кој е присутен во организмот на човекот, концентрацијата на самиот паразит во крвта, како и отпорноста на паразитот на некои од лековите. Правилната терапија со лекови против маларија по 48 часа ги отстранува сите симптоми на болеста, а веќе по 3-4 дена паразитот е отстранет од крвотокот.

Постои низа најразлични лекови кои се користат како за превенција, така и за третман на болеста (најпознат секако е кининот), а меѓу нив најефикасни и најпознати се Chloroquine, Mefloquine, Doxycycline, Primaquine, Malarone, најчесто користени во превентивни цели.

За да се спречат рекуренците, односно повторната појава на истата болест, во терапијата се вклучува и Primaquine, кој ќе го спречи повторниот развој на паразитот, посебно на видовите P. ovale и P. vivax.

Remove ads

Наводи

Loading content...

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads