Главоболка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Главоболката (англиски: Headache или Cephalgia) е еден од најчестите симптоми кај луѓето, што подразбира повремена или трајна, слаба или многу силна болка во еден или во повеќе декови на главата, лицето или задниот дел на вратот. Таа е еден од најчестите симптоми во секојдневниот живот, но често се појавува и како придружен симптом на некоја болест. Главоболката настанува како последица на различни нарушувања: од безопасни состојби што не бараат никакво лекување до опасни болести за животот.
Главоболката се јавува кај приближно 10% од населението на западната полутопка и поради овој симптом околу 30% од нив се јавуваат на лекар. Во текот на животот главоболката се јавува најмалку еднаш кај 70-95% од луѓето и тоа најчесто на возраст од 20 - 40 години.[1]
Remove ads
Класификација
Низ историјата имало неколку класификации на главоболката, а денес најмногу се користи онаа што ја објавило Меѓународното здружение за главоболка (англиски: International Headache Society), а се нарекува Меѓународна класификација на главоболката (англиски: The International Classification of Headache Disorders (ICHD))[2]. Првата верзија на таа класификација (ICHD-1) била објавена во 1988 година, додека сегашната ревизија ICHD-2 е објавена во 2004 година.[1]
Во основа, главоболките се делат на примарни и секундарни (симптоматски). Според новата класификација, главоболките се делат во 14 класи. Првите четири класи ги опфаќаат примарните, следните осум ги опфаќаат секундарните главоболки, во класата 13 спаѓаат кранијалните невралгии, примарните и централните причина за болка на лицето, додека во класата 14 се некласифицираните и недоволно специфичните главоболки.
ICHD-2:
Примарни главоболки
- 1. Васкуларна главоболка (мигрена),
- 2. Главоболка предизвикана од вкочување на мускулите (тензиона главоболка),
- 3. Кластер главоболка и останати тригеминоавтономни главоболки,
- 4. Останати примарни главоболки:
- Hemicrania continua
- Коитална цефалгија
- (анг.) New daily persistent headache (NDPH)
Секундарни или симптоматски главоболки
- 5. Главоболка поврзана со повреди на главата и/или вратот,
- 6. Главоболка поврзана со васкуларни нарушувања на главата или вратот,
- 7. Главоболка предизвикана од неваскуларни интракранијални нарушувања,
- 8. Главоболка предизвикана од разни супстанци или по прекин на нивно земање,
- лекови
- мамурлук
- 9. Главоболка предизвикана од општи инфекции,
- 10. Главоболка поврзана со нарушувања на хомеостазата,
- 11. Главоболка или болка на лицето предизвикана од нарушувања на черепот, вратот, увото, носот, синусите или останатите структури на лицето и черепот,
- 12. Главоболка поврзана со психијатриски нарушувања.
Невралгии и останати главоболки
- 13. Кранијални невралгии, централна и примарна болка на лицето,
- 14. Останати главоболки.[1]
Remove ads
Појава, опис и терапија
Повеќето главоболки се здодевни и нејасно локализирани. Во однос на дијагностиката, важни информации се локализацијата, начинот на појавата, интензитетот и времетрањето. На пример, при субарахноидална хеморагија (обично, при руптура на аневризма), главоболката се појавува како поединечен напад при што најголемиот интензитет го достигнува во текот на неколку минути. Од друга страна, во случај на менингит, интензитетот на главоболката се зголемува постепено во текот на неколку минути, часови или денови. При интракранијални тумори, главоболката може да се појави во секое време на деноноќието (најчесто, рано наутро), нејзиниот интензитет е променлив, може да го прекине сонот и да трае со минути и часови. При инфекција на параназалните синуси, главоболката се влошува при наведнување или при промена на атмосферскиот притисок. Исто така, главоболката може да биде предизвикана и од напрегање на очите, како при долготрајно читање, работа на компјутер, изложеност на силна светлина, играње видео-игри, гледање телевизија итн. Тензионата (невропатска) главоболка се јавува кај премногу осетливи лица под дејство на стрес и може да биде со различен интензитет и да трае со недели или месеци. Кластер-главоболката се манифестира напади кои се појавуваат неколкупати во текот на денот, а траат од 15 минути до три часа. Оваа главоболка се појавува нагло, таа е еднострана и многу силна, а најчесто е концентрирана во пределот на едното око, со ирадијација кон максилата или слепоочницата. Таа е проследена со солзење, потење на лицето и затнување на носот, а може да биде придружена и со спуштање на едниот горен очен капак и со стеснета зеница, а понекогаш и со гадење и нагон за повраќање. Овој тип главоболка најчесто се појавува кај мажите. Мигрената е пулсирачка, еднострана главоболка коај трае од 4 до 72 часа и најчесто е проследена со следниве симптоми: гадење, повраќање, преосетливост на звук и светлина. Најесто се појавува на возраст меѓу 20 и 55 години, а жените се почесто подложни од мажите. Мигрените се делат на мигрени без аура и со аура. Аурата претставува претходник на мигрената и трае до еден час, а поретко може да се продолжи и до седум дена. Најчесто се манифестира како појава на светли точки во видното поле, испади во видното поле, како и нарушување на говорот, на сензибилитетот или на моториката. Терапијата на главоболката е симптоматска: се препорачува лесна физичка активност, избегнување на стресни состојби, а се спречува со помош на лекови кои треба да бидат ефикасни, да дејствуваат брзо и да имаат долготрајно дејство.[3]
Remove ads
Главоболката како тема во уметноста и во популарната култура
- „Купив главоболка“ (англиски: I Bought A Headache) — песна на американската рок-група Риплејсментс (The Replacements) од 1981 година.[4]
- „Главоболка“ (англиски: Headache) — песна на американскиот рок-музичар Френк Блек (Frank Black) од 1994 година.[5]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads