Малајска мечка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Малајска мечка
Remove ads

Малајска или сончева мечка (Helarctos malayanus) е мечка која ја среќаваме во тропските дождовни шуми на југоисточна Азија од јужна Кина до Индонезија, североисток на Индија и Бангладеш.

Кратки факти Малајска (сончева) мечка, Заштитен статус ...
Remove ads

Физички одлики

Малајската мечка е најмалиот член на семејството мечки со големина од само 1,2 метри и тежина од 65 килограми. Мажјаците се 10-45% поголеми од женките[2]. Овие мечки имаат широки шепи и заоблени канџи кои веројатно им помагаат при качувањето на дрва. Стапалата им се малки свртени навнатре поради што имаат од сличен на одот на гулабите. Малајската мечка има специфично долк јазик од 20-25 сантиметри кој го користи за да јаде мед директно од пчелината кошница[3].

За разлика од другите мечки, крзното им е доста кратко. Оваа адаптација е поради климата во регионите каде што живеат. Крзното им е со кафеава или црна боја, освен на градите каде имаат портокалово-жолт белег во облик на потковица. Крзно со слична боја може да се сретне и на муцката или околу очите.

Remove ads

Исхрана

Малајските мечки се хранат со мали ’рбетници како гуштери, птици и цицачи, но и овошје, јајца, термити, листови од палма, птичји гнезда, инсекти, корења, кокосов орев ... Можат да кршат ореви со силната вилица. Овие мечки храната ја детектираат употребувајќи го својот мирис, бидејќи видот им е доста слаб.

Поведение

Thumb
Долгиот тенок јазик на малајската мечка


Малајската мечка не хибернира, и како резултат на тоа може да се размножува преку целата година. Најчесто раѓа по две младенчиња кои тежат 280-340г. Бременоста трае околу 96 дена, а доењето трае до осумнаесеттиот месец. Младите достигнуваат полова зрелост после 3-4 години. Во заробеништво живеат и до 28 години.

Бидејќи е ноќно животно, оваа мечка целиот ден го поминува одмарајќи се на ниските гранки од дрвјата. Поради тоа што ужива да седи на дрвјата понекогаш се случува да уништи дел од приватен имот, како што се плантажи на палми и какао.



Под-видови

  • Helarctos malayanus malayanus
  • Helarctos malayanus euryspilus, кој е присутен само на островот Борнео

Опасности

Thumb
Малајски мечки (Индонезија)

Возрасна малајска мечка нема други грабливци освен човекот[4]. Понекогаш се случува да биде совладана од тигри и огромни питони. Други можни грабливци се леопардот и Азиската црна мечка[5].

Намалувањето на бројот на оваа популација е последница на ловењето на таканаречените „мечки кои пречат“ односно мечки кои ги уништуваат посевите, и на ловокрадството кое е во подем поради побарувачката за нивното крзно и на нивната жолчка која се користи во Кинеската медицина.

Понекогаш овие мечки се фаќани за да бидат чувани како домашни миленици. Ова се случува поради нивното релативно неагресивно однесување и малата големина во споредба со останатите мечки[6].

Меѓународниот сојуз за заштита на природата (IUCN) го прогласи овој вид за ранлив во 2007 година[7].

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads