Мечка

семејство цицачи From Wikipedia, the free encyclopedia

Мечка
Remove ads

Мечките (науч. Ursidae) — семејство на цицачи кои се одликуваат со големо тело, моќни екстремитети, густо крзно и кратка опашка. Мечките живеат во Северна Америка, Јужна Америка, Европа и Азија, каде опстојуваат на различни живеалишта, како планини, шуми и арктичка дивина. Во текот на минатиот век, популациите од мечки се намалени поради нивниот интензивен лов и нарушување на нивната животна средина.

Кратки факти Мечки Период: ран миоцен - денес, Научна класификација ...

Сите мечки, со исклучок на некои популации од очилни и сончеви мечки, живеат северно од екваторот. Мечките денес не можат да се најдат во Африка, Австралија или Антарктикот. Сите мечки делат слична анатомија, но поедини видови варираат во големина, исхрана и вид на живеалиште. На пример, белите мечки живеат во смрзнатата арктичка дивина, каде се хранат главно со фоки, додека сончевите мечки живеат во азиските дождовни шуми и се хранат со инсекти, овошја, ореви и мали животинки. Со тежина од преку 800 кг, белите мечки можат да израснат 12 пати поголеми отколку нивните помали роднини, сончевите мечки, кои ретко надминуваат 66 кг.

Remove ads

Биологија

Заби

За разлика од останатите животни кои спаѓаат во редот Ѕверови (Carnivora), забите на мечките се адаптирани за исхрана која е составена претежно од растително потекло. Имаат широки очници (кучешки заби), и рамни катници. Компзицијата на забите е варијабилна дури и помеѓу мечки од ист вид. Ова ни укажува дека мечките се сѐ уште во процес на еволуција од месојади во животни кај кои во искраната доминираат растенијата.

Презимување

Се претпоставува дека повеќето мечки од северните региони хибернираат преку зимата. Иако многу видови ја поминуваат зимата во длабок сон, сепак тоа не е вистинска хибернација. За време на вистинска хибернација, температурата на телото паѓа на ниво приближно на надворешната температура и ритамот на срцето е драматично намален, но животните повремено се будат за да јадат од складираната храна, и да извршат физиолошки потреби (уринирање и дефекација). За разлика од овие животни, телесната температура на мечките паѓа само неколку степени под нормалната и ритамот на срцето е многу малку намален. Тие не сте будат за време на оваа „хибернација“, што значи дека не јадат, не пијат, не уринираат и не вршат дефекација за време на целиот овој период, и не ја напуштаат пештерата. Сепак се случува мечките да се разбудат од зимскиот сон, доколку се нападнати или во случај кога мајката раѓа младенчиња.

Remove ads

Класификација

Thumb
Кафеава мечка Ursus arctos
Thumb
Азиска црна мечка Ursus thibetanus, во Вроцлавската зоолошка градина, Полска
Thumb
Сончева мечка Helarctos malayanus
Thumb
Џиновска панда Ailuropoda melanoleuca

Семејството Ursidae е утврдено од Јохан Фишер фон Валдхајм (Johann Fischer von Waldheim, 1771-1853) во 1817 година.

Remove ads

Мечката како тема во уметноста и во популарната култура

Мечката во народното творештво

  • „Зошто мечката ја преспива зимата“ — африканска приказна.[1]
  • „Детето и мечката“ — влашка народна приказна.[2]
  • „Лисицата, мечката и сиромавиот“ — унгарска народна приказна.[3]
  • „Мечката, свињата и лисицата“ (српски: Међед, свиња и лисица) - српска народна приказна.[4]
  • „Како се излажала мечката“ (српски: Како се медвјед преварио) - српска народна приказна.[5]

Мечката како мотив во книжевноста

  • „Железно крзно“ - расказ на рускиот писател Иван Бунин.[6]
  • „Мечешка приспивна песна“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[7]
  • „И мајките грешат“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[8]
  • „Среќа во несреќа“ — расказ за деца на Киро Донев од 2013 година.[9]
  • „Лавот и мечката“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[10]
  • „Мечката и медот“ — песна на словенечкиот поет Отон Жупанчич.[11]
  • „Мечката и медот“ — песна на Отон Жупанчич.[12]
  • „На Медо му згорчи медот“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[13]
  • „Мецана“ — песна на Васил Куноски.[14]
  • „Песна за болната баба меца“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[15]
  • „Медо Медокрадец“ — песна на Живко Ризовски од 1995 година.[16]
  • „Добро дело“ — песна на Живко Ризовски од 1995 година.[17]
  • „На слава кај мечката“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.[18]
  • „Мечки“ - песна во проза на полскиот поет Збигњев Херберт.[19]

Мечката како мотив во музиката

  • „Сајмон Смит и неверојатната мечка што танцува“ (англиски: Simon Smith And The Amazing Dancing Bear) - песна на американската поп-рок музичар Ренди Њумен (Randy Newman) од 1972 година.[20]
  • „Сакам да бидам мечка“ (англиски: I Wanna be a Bear) — песна на американската хардкор-панк група Дисендентс (Descendents) од 1982 година.[21]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads