Мало (Вануату)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мало (бислама: Malo) е остров во Вануату. Мало се наоѓа на околу 3 километри јужно од Еспириту Санто. Административно е дел од покраината Санма.[1][2] Островот има вкупна површина од 180 км2. Должината на островот е 17 километри, ширината е околу 13 километри. Највисока точка е брдото „Мало со околу 326 метри надморска висина. Островот има тропска клима и просечните годишни врнежи на островот се 3000 мм. Често на островот има циклони и земјотреси.
Remove ads
Географија
Како и останатите острови во Вануату, така и Мало е со вулканско потекло. Највисока точка е т.н. Врв Мало со 326 метри надморска висина.[3]
Овој мал остров има и неколку мали островчиња блиску неговиот брег: Асулека, Малоболеболе, Малотина и Малокиликили со Оневуту и Маловелео (и плус неколку карпи). Северно од островот е Еспириту Санто, а јужно е островот Малекула.
Демографија
Според податоците од 1979 година, островот имал население од 2.312. Според пописот од 1999 година островот имал население 3.532 жители. На пописот од 2009 се покажало дека островот имал население од 4,273.[4] Главно населено место е Авунатари.
На островот има две културни групи, Аутанците кои го населуваат западниот дел на островот и Тинивоанците кои го населуваат источниот дел. Двете групи збориваат на дијалекти на тамамбоанскиот јазик.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads