Мало тело во Сончевиот Систем

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мало тело во Сончевиот Систем
Remove ads

Мало тело во Сончевиот Системтело во Сончевиот Систем кој не е планета, џуџеста планета или природен сателит. Поимот првпат е дефиниран во 2006 г. од Меѓународниот астрономски сојуз.

Сите други објекти, освен сателитите, кои кружат околу Сонцето be referred to collectively as „мали тела во Сончевиот Систем“ ... Тука спаѓаат највеќето астероиди во Сончевиот Систем, највеќето заднептунци, комети и други мали тела.[1]

Thumb
Ојлеров дијаграм на кој се претставени разните видови тела во Сончевиот Систем.

Под мали тела се подразбираат сите комети и сите мали планети освен оние што се џуџести планети. Така, малите тела во Сончевиот Систем се: класичните астероиди со исклучок на џуџестата планета Церера; тројанците; и кентаурите и заднептунците со исклучок на Плутон, Хаумеја, Макемаке, Ерида и други кои може да се испостави дека се џуџести планети.

Remove ads

Дефиниција

Thumb
Застапеност на кентаурите и заднептунците

Засега не е познато дали во иднина ќе биде одредена долна величинска граница за малите тела во Сончевиот Систем, и дали дефиницијата ќе го опфаќа сиот материјал до степен на метеороиди, кои се најмалите макроскопски тела што кружат околу Сонцето. (На микроскопско ниво постојат други објекти како меѓупланетарната прашина, честичките од сончевиот ветер и слободните честички на водородот.)

Освен најголемите, кои се во хидростатичка рамнотежа, природните сателити (месечини) се разликуваат од малите тела не по големината, туку по орбитата. Орбитите на природните сателити не се околу Сонцето, туку околу другите објекти во Сончевиот Систем како што се планетите, џуџестите планети и малите тела.

Некои од малите тела во Сончевиот Систем во иднина може да бидат прогласени за џуџести планети, во зависност од тоа дали ќе се утврди дека се во хидростатичка рамнотежа.

Орбитите на највеќето мали тела во Сончевиот Систем се сместени во две подрачја: астероидниот и Кајперовиот Појас. Овие две појаси имаат извесна внатрешна структура поврзана со растројувањата на големите планети (особено Јупитер и Нептун) и имаат прилично нереско одредени граници. Мали тела постојат и во други подрачја во Сончевиот Систем, но во помали концентрации. Тука спаѓаат близуземските астероиди, кентаурите, кометите и објектите од расеани дискови.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads