Макемаке

From Wikipedia, the free encyclopedia

Макемаке
Remove ads

Макемаке (136472 Макемакe, симбол: 🝼)[6] — третата најголема позната џуџеста планета во Сончевиот Систем и еден од двата најголеми објекти во Кајперовиот Појас (КПО). Пречникот на планетата е три четвртини од оној на Плутон.[7] Макемаке има една позната месечина. Крајно ниската просечна температура (околу 30 К (-243.15 °C)) значи дека неговата површина е покриена со мраз од метан, етан и можеби азот.[8]

Кратки факти Откривање, Откривач ...

Всушност, позната како 2005 FY9 (подоцна по името џуџеста планета број 136472) била откриена на 31 март 2005, од тимот предводен од Мајкл Браун и откритието било соопштено на 29 јули 2005. Неговото име доаѓа од богот Макемаке на народот Рапануи. На 11 јуни 2008 г. Меѓународниот астрономски сојуз (IAU) го вклучи Макемаке како потенцијален кандидат за добивање на статус „плутоид“, термин за џуџести планети, кои се наоѓаат зад орбитата на Нептун, распоредени меѓу Плутон и Ерида. Макемаке била формално класифицирана како плутоид во јули 2008.[9][10][11][12]

Remove ads

Откривање

Макемаке била откриена на 31 март 2005 од тимот во Паломарската опсерваторија предводен од Мајкл Браун и откривањето било соопштено во јавноста на 29 јули 2005.[3] Откривањето на Ерида било соопштено пред јавноста истиот ден, што било само два дена подоцна по соопштвувањето за отткривањето на Хаумеја.[13]

Поради неговата релативна светлост (околу една петтина посветло од Плутон), Макемаке не била откриена како некои други објекти во Кајперовиот Појас. Многу истражувања за мали планети се предводени релативно близу до еклиптиката (делот на небото на кој Сонцето, Месечината и планетите се појавуваат лажно видено од Земјата) поради големата веројатност таму да се проннајдат објекти. Тоа, најверојатно го избегнувало откривањето при раните испитувања поради неговата релативно голем орбитален наклон и фактот дека тоа било најдалечното растојание од еклиптиката во времето на откривање на северното соѕвездие Береникина Коса.[5]

Освен Плутон, Макемаке е единствената останата џуџеста планета, која е доволно светла за Клајд Томбо да можел да ја забележи за време на неговото истражување на заднептунците околу 1930 г.[14] Во време на Томбовото испитување, Макемаке бил само некоклу степени од еклиптиката, близу до границата на соѕвездијата Бик и Аурига, со видлива величина од 16,0.[5] Оваа положба, и покрај тоа била многу близу до Млечен Пат и Макемаке била речиси невозможно да се најде во позадината од ѕвезди. Томбо го продолжил истражувањето неколку години по откривањето на Плутон,[15] но не успеал да го открие Макемаке или некои други заднептунски тела.

Име

Thumb

Привремената ознака за Макемаке била дадена кога откритието било сооштено пред јавноста. Пред тоа, тимот заслужен за откривањето на објектот го користел името „Велигденски зајак“, бидејќи откривањето било кратко по Велигден.[16]

Во јули 2008, според МАУ правилата за класични објекти од Кајперовит појас 2005 FY9, на објектот му било дадено името создавач на божества. Името Макемаке, создавачот на човештвото и бог на плодноста во митовите за Рапануи, Велигденски Остров,[9] било избрано, делумно и да се зачува поврзаноста на објектот со Велигден.[16]

Remove ads

Орбита и класификација

Thumb
Оррбитата на Макемаке (сино), Хаумеја (зелено), во споредба со орбитата на Плутон (црвено) и еклиптиката (сиво). Перихелот (q)[3] и афелот (Q) се обележани со датата на поминување. Положбите во април 2006 се обележани со сфери, кои ги илустрираатѕ релативните димензии и разлики во албедото и бојата.

Од 2009, Макемаке е на растоојание од 52 астрономски единици од Сонцето;[5] речиси толку далеку до Сонцето, колку што му треба за да ја помине својата орбита.[8] Макемаке има орбита, многу слична со онаа на Хаумеја: висока орбитална наклон на 29° и умерена орбитална ексцентрија од 0.16.[17] Сепак, орбитата на Макемаке е малце подалеку од Сонцето, во услови на двете мали оски и перихел. Неговиот орбитален период е близу 310 години,[2] што е повеќе од Плутоновите 248 години и оние 283 на Хаумеја. И Макемаке и Хаумеја се далеку од разстојанието на аглестата еклиптика од 29°. Макемаке ќе биде во својот афел во 2033,[5] додека Хаумеја било во својот афел во 1992[18]

Макемаке е класифициран во групата на класични објекти во Кајперовиот Појас,[1] што значи дека неговата орбита лежи доволно далеку од Нептун за да остане постојано во Сончевиот Систем.[19][20] Спротивно од плутиноидите, кои може да ја пресечат орбитата на Нептун поради нивата резонанција во сооднос 2:3 со планетата, класичните овбјекти имаатe перихел подалеку од Сонцето, ослободени од пертуербацијата на Нептун.[19] Таквите објекти имаат релативно мали екцентриции (e е помало од 0.2) и орбитираатоколу Сонцето слично како и другите планети.И покрај тоа, Макемаке припаѓа во групата на „динамично жешки“ класични објекти во Кајперовиот Појас, што значи дека има поголем наклон во споредба со останатите објекти.[21] Исто така е можно, Макемаке да е во резонанција во сооднос 11:6 во однос на Нептун, иако истражувањата во иднина, тоа сигурно точно ќе го докажат.[22]

На 24 август 2006 Меѓународниот астрономски сојуз соопштил нова формална дефиниција за терминот „планета“, која издаде тројна поделба на објектите кои кружат околу Сонцето: „мали тела со Сончеви системи“ се премногу мали објекти за нивната гравитцаија да може да ја обликува нивната површина во кржен облик; „планета џуџе“ е објект, доволно голем за да биде во кружен облик, но објект кој сѐ уште ја нима исчистено својата орбита со објекти слични на него; „планета“ е објект кој е доволно голем за да биде тркалезе од својата гравитација и кој ја има исчистено својата орбита со објекти слични на него.[23] Според оваа поделба Плутон, Ерида и Церера беа посочени како џуџести планети.[23]

На 11 јуни 2008, Меѓународниот астрономски сојуз извршил подетална поделба на планетите џуџиња: плутоиди за оние џуџести планети откриени зад орбитата на Нептун. Ерида и Плутон се плутоиди, додека Церера не е. За да биде плутоид, објектот мора да биде и светол со апсолутна величина од +1 или помалку,[24] што значи дека само Макемаке и Хаумеја треба да бидат вклучени.[25] На 11 јули 2008, групата за класифицирање при Меѓународниот астрономски сојуз го вклучи Макемаке во групата на плутоиди, во група со Плутон и Ерида.[9][12]

Remove ads

Физички одлики

Светлина, големина и ротација

Макемаке е вториот најсветол објект во Кајперовиот Појас, веднаш по Плутон,[14] имајќи противположба с и видлива величина од околу 16.7 во соѕвездието Береникина Коса.[5] Ова е доволно светло за да биде видливо со употреба на аматерски телескоп. Високото албедо на Макемаке (околу 80 %) претпоставува просечна температура на површината од околу30 К (-243.15 °C).[4] Големината на Макемаке не е точно позната, но откривањето во инфрацрвена светлина со телескопт Спитцер, во комбинација со сличностите на спектрата со Плутон дава проценет пречник, во должина од 1.500 ±400 км .[4] Ова е нешто подолго од пречникот на Хаумеја, веројатно правејќи го Макемаке третиот најголем заднептунец, по Ерида и Плутон.[17] Макемаке е именуван како четвртата џуџеста планета во Сончевиот Систем, бидејќи е светол со апсолутна величина од −0.48.[3] Ова практично гарантира дека Макемаке едоволно голем за да развие хидростатична рамнотежа и да стане сплескана топка.[9]

До јули 2008 вртежниот период на Макемаке не бил познат, бидејќи ообјектот не покажуваше видливи фотометрички варијации.[26] Има две можни причини за ова: атмосферата на Макемаке е замрзната до површината, пружајќи доволна хомогеничност или може да биде свртена кон еден од половите на Земјата. Од другата причина се очекува голема асиметрија на површината: моментно невидливата летна полутопка има неколку непостојаности во однос на зимската полутопка.[27]

Спектар

Во текстот напишан во списанието Астрономија и астрофизика во 2006, бил даден извештај за мерењата на видливиот спектар и инфрацрвената светлина на Макемаке. Нив ги користеа телескопите Вилијам Хершел и Галилео и покажаа дека површината на Макемаке of Makemake наликува на онаа на Плутон.[28] Како и Плутон, Макемаке се појавува во црвена боја во видливиот спектар, но значително посветло од Ерида.[28] Инфрацрвената светлина е обележана со пространиот метан. Метан е откриен и на Плутон и на Ерида, но неговата видливост не е толку забележителна.[28]

Спектарските анализи на површината на Макемаке покажуваат дека метанот мора да е форма на зрна со големина од 1 cm.[8] Освен тоа, можно е да има и етан и толини создадени од фотолиза на метанот со сончево зрачење.[8] Толините, најверојатно се одговорни за црвената боја на видливиот спектар. Иако постојат докази за присуство на азотен мраз на површината на Макемаке, во најмала рака помешан со друг мраз, никаде нема приближно онолку азотен мраз, колку на Плутон и Тритон, каде што претставува 98% од покривката. Релативниот недостаток на азотен мраз претпоставува дека неговото снабдување, некако се исцрпило низ годините на Сончевиот систем.[8][27][29]

Атмосфера

Присуството на метан и можеби азот претпоставува дека Макемаке има краткотрајна атмосфера, слична на онаа на Плутон при неговиот перихел.[8][28] Постоењето на атмосфера, исто така овозможува природно објаснување за исцрпувањето на азот: бидејќи гравитацијата на Макемаке е послаба од онаа на Плутон, Ерида и Тритон, големо количество на азот се изгубило поради атмосферско губење; метанот е посветол од азотот, но значително помалку испарува, при температури, како оние на површината на Макемаке (30–35K (-243.15 - -238.15 °C)), кои го спречуваат неговото губење; резултатот од овој процес е поголемо релативно изобилство на метан.[30]

Remove ads

Месечина

Thumb
Месечината на Макемаке (посочена), сликана од вселенскито телескоп „Хабл“.

Макемаке има една месечина, наречена S/2015 (136472) 1 или MK2, откриена во 2015 г. Има проценет пречник од 175 км, со темна површина со слаба отсјајност.[31]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads