Малхов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Малховmap
Remove ads

Малхов (германски: Malchow, полски: Malechow[2]) — град во округот Мекленбуршка Езерска Област, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Малхов во рамките на округот Мекленбуршка Езерска Област ...
Remove ads

Географија

Градот се наоѓа на реката Елде, 25 километри западно од Варен и 35 километри северно од Витшток.

Природа

Градот е опкружен од езера во Мекленбуршката Езерска Област и шуми од Националниот парк Мириц.

Историја

Местото на Малхов било центар на словенскиот паганство во текот на средниот век. Бил опколен од Саксонците во текот на Северните крстоносни походи во 1147 против Полапските Словени.

Германскиот град Малхов, основан на остров помеѓу Плауското и Флезенското Езеро, бил првпат споменат во 1147 и добил градски права во 1235.

Во 1298, манастирот Малхов, цистерцијански манастир, се преместил на јужниот брег на Малховското Езеро, спроти островот. Во следниве векови, градот се проширил на копното кон северозапад, при што првобитната населба била поврзана со мостови, но со време населбата на копното станала поважна.

Фабрика за оружје на Алфред Нобел била основана во Малхов во 1938, во текот на нацистичка Германија и во текот на Втората светска војна стотици воени работници и жени и деца биле користени како принудна работна сила во фабриката. Во 1943 бил отворен подкамп на концентрацискиот камп Равенсбрик и во текот на наредните две години, многу затвореници, вклучувајќи бројни унгарски Еврејски ги загубиле своите животи во ужасните услови на кампот.

По војната, советските власти обвиниле околу 30 тинејџери, жители на Малхов, за антисоветски активности, поради што 12 од нив на крајот ги загубиле своите животи во советските затвори или пак биле убиени.

По повторното обединување на Германија во 1990, стариот дел на градот бил обновен во склоп на програмата за урбан развој. Денес, поранешниот цистерцијански манастир е дом на Мекленбуршкиот музеј за оргули.

Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads