Мекленбуршка Езерска Област

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мекленбуршка Езерска Област
Remove ads

Мекленбуршка Езерска Област (германски: Mecklenburger/Mecklenburgische Seenplatte) — најголема поврзана езерска и каналска област во Германија и понекогаш е нарекувана „земја на илјада езера“. Постојат неколку природни паркови и добро познати езера со уникатна флора и фауна во областа, како што е Мириц, најголемо германско езеро кое се наоѓа целосно во рамките на Германија, Плауско Езеро, Флезенско Езеро, Толензеско Езеро, Шмалер Луцин и Келпинско Езеро.

Thumb
Мекленбуршките езера по заоѓањето на сонцето од околу осум километри височина (областа на Фелдбергер Зенландшафт
Thumb
Езерото Мириц во срцето на Мекленбуршката Езерска Област. Поглед од црквата Св. Богородица кон пристаништето во Ребел.

Важни градови во областа се Нојбранденбург, Нојштрелиц, Варен, Ребел, Тетеров, Малхов, Миров и Плау ам Зе.

Remove ads

Географија

Thumb
Опатијата Малхов на езерото во Малхов.

Мекленбуршката Езерска Област се наоѓа во средишниот и јужниот дел на покраината Мекленбург-Западна Померанија, главно во историската област Мекленбург. На југ ја поминува границата на покраината Бранденбург. Оттука е исто така позната и како Мекленбуршка-бранденбуршка Езерска Област.

Како Померанската и Мазурската Езерска Област, Мекленбуршката Езерска Област била создадена пред околу 12.000 години поради топењето на мразот во долините од последното ледено доба. Главната крајна морена на померанската етапа, гребенот кој води од Еберсвалде-Хорин преку Фелдберг, Мекленбуршка Швајцарија до гребенот Килунг близу Килунгсборн, се граничи со езерската област на север.

Езерската област може да се подели на следниве делови:

Повеќе информации Езерска област, Градови ...

На територијата на Бранденбург, езерската област продолжува со Укермарк и Рупинска Швајцарија.

Областа околу Мекленбуршката Езерска Област е делумно ридеста, но главно рамна, слабо населена и главно пошумена, со многу езера и мочуришта. Самите езера се омилени за рекреација, едрење, рибарство и други водени активности. Постојат природни станишта за бројни растенија и животни, вклучувајќи ги загрозените врсти.

Thumb
Пристаништето на бањскиот град Варен на езерото Мириц во текот на Регатата Мириц, еден од најголемите настани од ваков вид на европските езера.
Remove ads

Историја

Езерската област била веќе населена околу 10.000 п.н.е. од ловци и риболовци. Од 4.000 п.н.е. биле основани првите фармерски заедници, а зад себе оставиле мегалитски гробишта.

Во четвртиот и петтиот век, германските доселеници од областа се преселиле кон југ и биле заменети во седмиот век од Западните Словени (историски познати како Венди), кои се измешале со населението кое останало зад нив.

Од 12 век, влијанието на германските доселеници се зголемило.

Веќе неколку години, областа била член на Европската мрежа на геопаркови и Глобалната мрежа на национални геопаркови, но од 2011 повеќе не го поседува истиот статус.

Remove ads

Природни региони

Во рамките на Мекленбуршката Езерска Област се наоѓаат следниве природни области Национален парк Мириц, со второто најголемо езеро во Германија, како и резерватите Природен парк Фелдберг Езерска Област, Природен парк Мекленбуршка Швајцарија и Кумеровско Езеро и Природен парк Носентинер/Швинцер.[1]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads