Манастирец (Суводол)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Манастирецархеолошко наоѓалиште во битолското село Суводол. Претставува базилика од старохристијанско време. Била откриена во 1931-1933 година во месноста Сланец. Црквата има трикорабна диспозиција, со по седум пиластри на масивните ѕидови на стилобатите, најдени во положба in situ. Централниот кораб на источната страна завршува со длабока апсида. На западниот крај црквата има нартекс и егзонартекс со пастофории и анекси на северната страна. Подовите биле обложени со мозаици. Објектот е подигнат во VVI век како гробишен, на работ на античката населба. Компартиментите со низа простории откриени северно од базиликата служеле за фунерални обреди и свечени вечери - агапае, што се приредувале на годишнината од страдањето на маченикот. Гробните структури и наодите во нив, откриени околу базиликата, укажуваат на фактот дека по нејзиното страдање таа била обновена во текот на IXX век.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads