Шуплевец (Суводол)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шуплевец — археолошко наоѓалиште во битолското село Суводол. Претставува населба од бакарно време. Се наоѓа на 2,5 км северно од селото, од левата страна на патот Битола-Маково, на издолжен рид со стрмни и тешко пристапни страни кои на северниот крај се издигаат благо кон ридот. Во 1958 и 1971 година се вршени сондажни (контролни) ископувања со кои е утврден културен слој со два хоризонта на живеење. Многубројниот археолошки материјал, особено керамичкиот, покажал дека се работи за остатоци од населба од бакарното време. Откривањето на населбата е големо дотолку што според неа, а и според населбата Бакарно Гумно во Прилепско, бакарното време во Пелагонија е издвоен како посебна културна група наречена Шуплевец-Бакарно Гумно. Ридот подолго време бил користен како каменолом со што населбата е целосно уништена. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]
Remove ads
Поврзано
- Манастирец — базилика од старохристијанско време;
- Дибек — гробница од хеленистичко време;
- Ума — населба од доцноантичко време;
- Ѓорчева Воденица — населба од римско време;
- Бројанец — базилика од старохристијанско време;
- Тумба — населба од бронзено време;
- Бртви — населба од доцноантичко време;
- Туриграв — населба од доцноантичко време;
- Ѓорев Рид — населба од неолитско и доцноантичко време;
- Суводол;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
