Манастириште (Раковец)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Манастириште — археолошко наоѓалиште во велешкото село Раковец. Претставува доцноантичка населба и средновековна црква. На 1,5 км северозападно од селото на мала височинка со зарамнет врв се среќаваат делови од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и грамадни камења. Во средишниот дел на наоѓалиштето се гледаат остатоци од градба, според преданието, манастир. Од ова наоѓалиште потекнува една стара плоча со старогрчки натпис, сега во Музејот во Велес.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads