Манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ - Матница
манастир кај Матница, Валовишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рождество на Пресвета Богородица грчки: Ιερά Μονή Γενεσίου Θεοτόκου) или Богородица Гумера (Παναγία Γουμερά) — женски манастир кај селото Матница, Валовишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Валовишката епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Remove ads
Местоположба
Манастирот се наоѓа на 1 км северно над селото, во јужните пазуви на Беласица.[1]
Историја
Основан е на Педесетница, 6 јуни 1971 г. од доселеничкиот понтски собор во Атина и митрополитот Јован Валовишки. Наречен е по истоимениот историски манастир „Пресв. Богородица Гумера“ (X век) во понтското место Халдија. Во него се пренесени вредните предмети од тој манастир — евангелие, пренослива икона на Богородица и мошти. Манастирската црква е еднокорабна куполна базилика.[1]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads