Манастир „Св. Ѓорѓија“ - Сопот

From Wikipedia, the free encyclopedia

Манастир „Св. Ѓорѓија“ - Сопот
Remove ads

Свети Ѓорѓијамакедонски православен манастир кој се наоѓа во близината на селото Сопот во околината на Велес. Манастирот е сместен веднаш на самиот лев брег на реката Вардар наспроти манастирот „Света Петка“ и висечкиот мост кој води кон ЖС „Рајко Жинзифов“ и селото С’лп. Веднаш над манастирот минува и делницата Скопје - Велес на автопатот „Александар Македонски“. Црковниот храм е новоградба, а непосредната околина на дворот е во завршна фаза на уредување. Во непосредната близина на црковниот храм се наоѓа трпезарија за ручање, на која се дели ручек за славата на патрониот празник на манастирот. Македонскиот просветител Јордан Хаџи Константинов - Џинот во својот напис „Велес - статистическо описание“ во „Цариградски весник“ од на 7 март 1859, за селото Сопот запишал дека е христијанско село кое има 10 куќи и урнатини од манастирот на средновековниот војвода Радич како и негова крепост. Имајќи ја предвид местоположбата на сегашниот манастир и остатоците од утрдувања во близината, може да се претпостави дека денешниот манастир се наоѓа на местото на некогашниот средновековен манастир.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Галерија

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads