Манастир „Св. Јован Златоуст“ - Елешница
манастир кај Елешница, Валовишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Јован Златоуст, Стефан и Олга (грчки: Ιερά Μονή Αγίου Ιωάννου Χρυσοστόμου, Στεφάνου και Όλγας) — женски манастир кај селото Елешница, Валовишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Валовишката епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Remove ads
Местоположба
Манастирот се наоѓа на 1 км југоисточно над селото и 11 км североисточно од градот Валовишта.[1]
Историја
Основан е во 1983 г. од митрополитот Јован Валовишки и калуѓерките од манастирот „Св. Кирик и Јулита“. Најпрво е изградена двокатна градба, на чие приземје се наоѓа параклисот „Св. Јован Златоуст, Свети првомаченик и архиѓакон Стефан и Света рамноапостолска кнегиња Олга“. На катот се трпезаријата и конаците. Манастирската црква е простран еднокорабен храм, посветен на Свети Јован Златоуст, изграден во 1991 г.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads