Манастир „Св. Климент и Наум Охридски“ - Хамзали
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Манастирот Свети Климент и Наум Охридски — православен манастир кој се наоѓа во Хамзали, Општина Босилово, во подножјето на планината Огражден, на далечина од Струмица 17 км. Почеток на неговото подигање е изградбата на манастирската црква во 2000 година. Посветена е на најчествуваните духовни светила на македонските простори, Светите Климент и Наум Охридски.
На растојание на околу 500 m од оваа камена црква во византиски стил чиј иконостас ја следи традицијата на ранохристијанските базилики, во 2003 година бил подигнат монашкиот конак со внатрешен параклис посветен на големиот учител и покров на монасите исихасти, Григориј Палама.
Овде во 2004 година во неделата на Св. Григориј Палама започнало изградбата на новата монашка заедница, денес петчлено братство чиј старешина е свештеномонахот Георгиј. Во непосредна близина на конакот има манастирско трло во кое братството одгледува стадо од педесетина овци и кози. Монасите во Хамзали се занимаваат и со земјоделство, со изработка на икони и монашки ракоделија.
Remove ads
Галерија
- Поглед кон црквата
- Поглед кон црквата
- Поглед кон црквата
- Поглед кон црквата
- Поглед кон црквата
- Поглед кон црквата
Надворешни врски
![]() |
„Манастир „Св. Климент и Наум Охридски“ - Хамзали“ на Ризницата ? |
![]() | Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads