Манастир (Жировница)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Манастир или Црквиште — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Жировница. Претставува средновековна населба, сакрален објект и некропола. Се наоѓа на 2 км источно од селото, високо над левиот брег на Жировничка Река, каде на неколку тераси се гледаат грамади од градежен материјал: кршен камен, варов малтер и покривни ќерамиди. На крајниот североисточен дел од лоалитетот, помеѓу две карпи со вертикални ѕидови кои затвораат правоаголен простор со димензии од 15 × 6 м се среќаваат поголеми кршени камења, а во карпите дупки за инсталирање на покривна конструкција кои упатуваат на сакрален објект. На крајниот југозападен дел од наоѓалиштето се гледаат гробни могилки од кршени нафрлени камења и периметрални ѕидови од сакрален објект градени од кршен камен и варов малтер. Во приватна нива се откриени темели од ѕидови на сакрален објект и гробови од камени плочи. Населбата има доминантна местоположба во долината на Радика.[1]
Remove ads
Поврзано
- Поповци — средновековна црква и некропола;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads