Општина Маврово и Ростуше

општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Општина Маврово и Ростуше
Remove ads

Општина Маврово и Ростуше (порано Општина Маврово и Ростуша) — општина во западниот дел на Република Македонија. Формирана е во 2004 година со спојување на општините Маврови Анови и Ростуша. Центар на општината е селото Ростуше. На југ се граничи со Општина Дебар, на исток со Општина Кичево (порано Општина Зајас), на запад со Албанија, а на север со Општина Гостивар.

Кратки факти Општина Маврово и Ростуше, Држава ...
Thumb
Карта на општина Маврово и Ростуше со селските атари.
Thumb
Демографска карта на општина Маврово и Ростуше со селските атари.
Remove ads

Географија

Општина Маврово и Ростуше се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, т.е. во регионот Мијачија.

Историја

Општина Маврово и Ростуше била создадена во 1996 година, под името Општина Маврови Анови, а Општина Ростуша е создадена исто така во истата година, и во 2004 година, спојувајќи ги општините Маврови Анови и Ростуша, формирана е Општина Маврово и Ростуша со седиште во Ростуше.

Демографија

Согласно пописот на населението на Македонија од 2002 година на ниво на држава спроведен од страна на Државниот завод за статистика на Република Македонија, Општина Маврово и Ростуше ги има следните статистички одлики во однос на населението:[2]

Вкупно население: 8618 жители[3]

1. Вкупно население на територија на општина по пол:

  • Мажи: 4295
  • Жени: 4323
Повеќе информации Народ, Вкупно ...
Вероисповед Вкупно
православни 853
муслимани 9.355
католици 15
протестанти 0
останати 205
Јазик Вкупно
македонски 8.652
албански 1.258
турски 475
ромски 2
влашки 1
српски 8
бошњачки 9
останати 30

* Дел од жителите во областа Долна Река, односно во селата Скудриње (76,8 %), Ростуше (48,9 %), Аџиевци (37,5 %), Требиште (36,2 %), Јанче (22,6 %), Присојница (20,9 %), Велебрдо (17,6 %) и Видуше (12,9 %) се изјасниле како Турци, но всушност тоа се Македонци од муслиманска вероисповед, кои се изјасниле дека македонскиот им е мајчин јазик.

3. Вкупно население на територија на општина врз основа на образовна структура од 15 и повеќе години: 6324

  • Без училиште: 257
  • Некомплетно основно образование: 1373
  • Основно образование: 3375
  • Средно образование: 1092
  • Виша школа: 98
  • Висока школа: 93
  • Магистратура: 1
  • Докторат: 0

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Општина Маврово и Ростуше ги има следните нови статистички одлики во однос на населението:

Вкупно население: 5638 жители

Повеќе информации Народ, Вкупно ...

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Маврово и Ростуше е Медат Куртовски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Маврово и Ростуше е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2021 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се:

Thumb
  СДСМ: 5 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 3 места
  ДПТ: 1 место
  ДУИ: 1 место
ЛДП-ДОМ: 1 место
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads