Варници (Демир Капија)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Варници (Демир Капија)map
Remove ads

Варници или Манастирархеолошко наоѓалиште во градот Демир Капија. Претставува населба и некропола од римското време, базилика и некропола од доцноантичкото време и средновековна црква со некропола. На 2 км источно од центарот на Демир Капија, во Клисурско Маало, над десниот брег на Вардар на стариот магистрален пат се издига стрмен рид. На него се наоѓа месноста Манастир на која се откриени најстарите траги од живеење, од почетокот на антиката. Во периодот 1948/54 Aрхеолошкиот музеј вршел ископувања и притоа открил остатоци од профана архитектура од римското време, ѕидани гробници од V до VI век, како и 30 гроба од средниот век. Откопан е и поголем дел од старохристијанска базилика, чиј централен дел бил во употреба и во средниот век. Најдени се и римски монети од XII до XIII век и камена икона со претстава на светителот Јован Претеча. Во северозападното подножје на ридот се наоѓа месноста Варници во која се откриени гробови од римското време.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads