Автопат (Демир Капија)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Автопат — археолошко наоѓалиште кај гратчето Демир Капија. Претставува храм од раноантичкото и римското време.
Се наоѓа северозападно од Демир Капија, покрај железничката пруга Скопје-Гевгелија, поточно на клучката каде автопатот А1 се вкрстува со регионалните патишта Р29171 и Р2137.
При патните работи биле откриени остатоци од помала градба. Во неа, на простор од 4 м2 се најдени релјефи, статуети, фрагменти од керамика и друго.[1]
Релјефите и статуетите се од композиција на диоскури во друштво на божици (Артемида). Се претпоставува дека се работи за светилиште посветено на диоскурите (браќата Кастор и Полукс, исто така претставени со соѕвездието Близнаци). Според наодите, наоѓалиштето временски е датирано од IV век п.н.е. до II век од н.е.[1]
Remove ads
Поврзано
- Просек — важна тврдина близу наоѓалиштето
- Список на археолошки наоѓалишта во Демиркаписко
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads