Манговица

планина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Манговицаmap
Remove ads

Манговица — ниска и пространа планина во Источна Македонија, која се протега помеѓу Кумановската Котлина на север, Овче Поле на запад, долината на Брегалница на југ и долината на Злетовска Река со реката Белошница на исток.[1]

Кратки факти Регион, Се граничи со ...

Највисок врв е Асаница на надморска височина од 875 метри.

Remove ads

Географија и местоположба

Главното било има насока на протегање северсеверозапад-југјугоисток во должина од 22 километри и претежно е во височина од 600 до 700 метри, додека само на крајниот северозападен дел преминува 700 метри.[1]

Врвови

Покрај највисокиот врв Асаница (875 м.), други позначајни врвови се Големо Брдо (776 м.), Струга (758 м.) и Челебиско Трло (731 м.).[1]

Геолошки состав

Планината речиси целосно е оголена. Поради специфичниот геолошки состав претставен со вулканити (андезити, бречи, туфови) се јавуваат силни денудациски процеси. Во северозападниот дел се јавува и палеовулкански релјеф претставен со повеќе купи и разорени кратерски структури. Овој дел е и длабоко засечен со долината на Мавровица (или Орелска Река), а на неа и нејзините притоки има повеќе мали водопади.

Во областа, денудациските фор­ми најмногу се застапени око­лу месноста (ридот) Гложје (655 м.), потоа кај врвовите Ман­говица (741 м.), Голем Осој (734 м.) и други. Некаде овие форми се јавуваат во поголеми групации, а често и како издво­ени-поединечни форми.

Планината освен што е позната со своите специфични камени форми,[2] интересно е и самото корито на планината со повеќе мали водопади и природни базени под нив, од кои еден е длабок околу 2 метри. Всушност целиот овој простор кој е ретко посетуван, делува примамливо за авантуристите кои можат да уживаат во глетките кон некогашните вулкани, длабоката речиси кањонеста долина на Мавровица и на одредени места уникатниот растителен и животински свет.

Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads