Маноно
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Маноно (самоански: Manono) е остров во Самоа. Островот се наоѓа во протокот Аполима, помеѓу островите Саваи и Уполу. Островот се наоѓа на 3,4 км северозападно од Уполу. На островот има само 4 села со вкупно население од 889 жители според пописот од 2006 година.[1] Со брод од Уполу се стига за 20 минути.[2] Во непосредна близина се островчињара Аполима и Нулопа.
Островот е дел од округот Аига-и-ле-Таи.[3]
Remove ads
Население
Островот има 889 жители според пописот од 2006 година, распроредени во 4 села:
- Апаи, запад (111)
- Фалеу, југ (354)
- Лепуиаи, југозапад (223)
- Салуа, север (201)
Островот е трет по број на жители во државата. На островот нема патишта и сообраќај. Поради еколошки причини кучиња и коњи се забранети на островот. Во 1800-те години, Маноно бил упориште на методистичката црква во Самоа. На 21 септември 1859 година било одлучено да се создаде центар во Уполу, што пак денес резултира со Теолошкиот колеџ Пиула.[4]
Remove ads
Галерија
- Проток Аполима и островот Аполима.
- Колиба на плажа
- Дом за средба на островот
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads