Манра
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Манра (гилбертански: Manra), или порано познат како Сидни Ајленд (Sydney Island), е атол во Кирибати. Атолот е дел од Островите Феникс и има вкупна површина од 4.4 км2. Надморската височина на островот е околу 6 метри. Денес островот не е населен, но во минатото бил населуван на неколкупати.

Историја
За разлика од некои атоли во Островите Феникс, на Манра постојат докази дека атолот во минатото бил населен. Така на пример, на островот има остатоци од платформи и остатоци од градби. Хабајскиот антрополог К.П. Емори тврди дека на островот биле присутни две етнички групи, едните биле Полинезијци, другите Меланезијци.[1]
Манра бил „откриен“ во 1823 година од лондонскиот брод Синди Пакет и во негова чест бил именуван атолот. Со британската колонизација на атолот, на островот биле донесени одреден број жители, 130 работници, и било изградено село со основна инфраструктура.[1] Со падот на колонизацијата, островот бил напуштен, најверојатно во периодот 1958-1963 година.
Remove ads
Галерија
- Карта на Манра (англиски).
- Лагуна во Манра.
- Скевола на Манра.
- Поглед кон лагуната.
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads