Мануел Валс
француски политичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мануел Валс (француски: Manuel Valls), роден во Барселона на 13 август 1962 година[1], е француски политичар, член на Социјалистичката партија и од 31 март 2014 година е претседател на француската влада. На 25 август 2014 година му поднел оставка на својата влада на францускиот претседател Франсоа Оланд (François Hollande), а на негово барање на 26 август 2014 година формирал нова влада.
Remove ads
Кратка биографија
Мануел Валс е син на шпански сликар и швајцарска глумица. Во Париз завршил студии по историја и од 1982 година е француски државјанин. Татко е на четири деца и е во втор брак со виолинистката Ан Гравоан (Anne Gravoin).
Политичка кариера
Член е на Социјалистичката партија од 1980 година, советник на премиерот Мишел Рокар (Michel Rocard) од 1988 до 1991 година, а учествувал и во организацијата на Зимските олимписки игри во Албервил. Од 1997 до 2002 година бил советник на премиерот Лионел Жоспен (Lionel Jospin) за комуникација и односи со јавноста, а потоа истовремено ги исполнувал функциите на член на Националното собрание и градоначалник на Еври (Evry), гратче во околината на Париз. Во 2011 година Мануел Валс учествувал на внатрепартиските избори на француската Социјалистичка партија на кои се бирал кандидат од оваа партија за претседателските избори во 2012 година. Откако испаднал во првиот круг, својата поддршка му ја дал на Франсоа Оланд, кој, откога бил избран, го задолжил за комуникација со медиумите во својата изборна кампања. На 16 септември 2012 година претседателот Оланд го именувал за министер за внатрешни работи во владата на Жан-Марк Еро (Jean-Marc Ayrault)[1]. На 31 март 2014 година претседателот Оланд го именувал за премиер.[2]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads