Северен Остров

From Wikipedia, the free encyclopedia

Северен Остров
Remove ads

Северен Остров (англиски: North Island, маорски: Te Ika-a-Māui) — еден од двата главни острова на Нов Зеланд, од кои другиот е Јужниот Остров.[1] Островот зафаќа површина од 113.729 км2 [2], и како таков е 14-тиот остров по големина во светот.

Кратки факти North IslandTe Ika-a-Māui, Географија ...

На Северниот Остров се наоѓаат неколку важни градови како најголемиот во државата, Окленд, и главниот град Велингтон кој се наоѓа на јужниот крај од островот. Околу 76% од населението на Нов Зеланд живее на Северниот Остров.

Според преданијата на маорската митологија, Северниот и Јужниот Остров потекнуваат од времето на Мауи, кој бил полубог. Тој рибарел заедно со браќата од нивниот чун (Јужниот Остров) и фатил голема риба која ја извлекол од морето. Додека вниманието му било свртено на нешто друго, браќата на Мауи се истепале за рибата и така ја распарчиле. Оваа голема риба станала Северниот Остров и затоа на маорски тој е наречен Te Ika-a-Māui („Рибата на Мауи“). Се сметало дека планините и долините се резултат на парчосувањето на рибата при борбата помеѓу браќата.[3]

Remove ads

Региони на Северниот Остров

Северниот Остров, и околните острови и територијални води ги покриваат девет региони.

Градови на Северниот Остров

(помали населени места може да се најдат на Список на градови во Нов Зеланд.)

  • Велингтон
  • Гизборн
  • Кембриџ
  • Керикери
  • Коромандел
  • Матамата
  • Мастертон
  • Нејпиер
  • Нов Плимут
  • Окленд
  • Палмерстон Север
  • Парапарауму
  • Пахиатуа
  • Раглан
  • Роторуа
  • Стратфорд
  • Таупо
  • Тауранга
  • Фокстон
  • Хамилтон
  • Хантли
  • Хејстингс

Географски поими

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads