Марамче
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Марамче (множина: марамчиња) — мало парче ткаенина или мека хартија, обично квадрат со размери околу 20 до 30 см направено да ги задоволи хигиенските потреби и најчесто се користи за бришење на мрсулите од носот или солзите од очите.[1][2] Има и украсна улога — како мода се носи во горниот џеб на машките одела и пожелно е, иако не е потребно, да одговара на бојата на вратоврската.[3] Платнените марамчиња се направени од лен, памук или свила. Долго време ги користеле главно благородништвото и најбогатите и најистакнатите граѓани. Околу XVI век во Европа, марамчињата ги носеле само благородните дами.[4][5]

Денес (XX–XXI век) платнените марамчиња се речиси целосно заменети со хартиени марамчиња, кои се широко користени, а служат и како салфетки.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads