Марена (Теарце)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Маренаархеолошко наоѓалиште во тетовското село Теарце. Претставува населба од римското време и средновековна црква. Се наоѓа на околу 500 м јужно од селото, во нивите што се наоѓаат под патот, каде се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Во 1954 година, со истражувањата извршени од Археолошкиот музеј од Скопје на чело со Блага Алексова, биле откриени урнатини од еднокорабна црква со нартекс и остатоци од живопис. Денес таа е возобновена и е посветена на Св. Марена. Од наоѓалиштето потекнува надгробна плоча со латински натпис која се чува во Музејот на тетовскиот крај.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads