Марина Цветаева
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Марина Цветаева (27 септември 1892 — 31 август 1941 ) — руска и советска поетеса.

Remove ads
Животопис
Во последниот дел од својата автобиографија од 1958 година, Борис Пастернак пишува за својата средба со Цветаева во 1935 година, кога за време на антифашистичкиот конгрес одржан во Париз се сретнал со неа и со нејзиното смејство. Притоа, нејзиниот сопруг и децата ја наговарале да се врати во татковината, а кога таа го прашала што да прави, Пастернак не ѝ одговорил, плашејќи се дека за неа и за нејзиното семејство животот во Русија да не биде тежок и неспокоен. Инаку, Пастернак и Цветаева биле блиски пријатели и одржувале богата кореспонденција. Притоа, Пастернак наведува дека по започнувањето на Втората светска војна, својата богата кореспонденција ѝ ја дал на чување на една своја пријателка, која работела во музејот на Скрјабин а која ја обожавала поезијата на Цветаева. Бидејќи немала многу доверба во музејскиот сеф, пријателката ги издвоила писмата на Цветаева кои ги носела насекаде со себе. Меѓутоа, една зимска вечер, додека патувала од блиското село кон Москва, таа забележала дека торбата со писмата на Цветаева ги заборавила во возот. Така исчезнале сите писма кои Цветаева му ги праќала на Пастернак.[1]
Remove ads
Творештво
Најпознати дела на Цветаева се збирките песни: „Вечерен албум“, „Волшебниот фенер“, „Разделба“, „Занает“, како и драмите „Жандарм херц“, „Виулица“, „Камениот ангел“ и „Феникс“.
Нејзините дела се меѓу најдобрите од руската книжевност, а таа се смета за една од најголемите поетеси во историјата на поезијата.[2] Таа живеела за време на и пишувала за руската револуција од 1917 година. Како лирски поет, нејзината страст и смело јазично експериментирање ја прават впечатлив хроничар на своето време и на длабочините на човечката свест.
Remove ads
Значење и влијание
Песната „Писмо од мајка ми за црниот снег“ на македонскиот поет Анте Поповски е инспирирана од стихот на Цветаева, „... едно малечко сонце“.[3]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads