27 септември
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Септември 2025
27 септември — 270-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (271-и во престапна година). Остануваат 95 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1529 | Османлиската војска под команда на Сулејман Величествениот ја започна Опсадата на Виена. |
| 1822 | Жан-Франсоа Шамполион објавил дека го дешифрирал Каменот од Розета. |
| 1825 | Англискиот пронаоѓач Џорџ Стивенсон управувал со својата парна локомотива која влечела 38 вагони на линијата Стоктон - Дарлингтон во Велика Британија. За кратко време железничката мрежа се проширила низ цела Европа. |
| 1854 | Во Атлантскиот Океан потонал бродот „Арктик“ со околу 300 патници. |
| 1905 | Списанието „Анали на физиката“ го објавило трудот на Алберт Ајнштајн „Дали инерцијата на телото зависи од неговата енергија“ каде за првпат е претставена познатата равенка E=mc². |
| 1908 | Во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“ под редакција на Димитар Влахов. |
| 1939 | По 19-дневен отпор Варшава паднала во рацете на германските трупи. |
| 1940 | Во Берлин, Италија и Јапонија потпишале 10-годишен воен и економски пакт и формално создале сојуз на фашистички сили познат под името Оската Берлин - Рим - Токио. |
| 1993 | Република Македонија е примена за член на Меѓународната агенција за атомска енергија. |
| 1994 | Република Македонија воспоставила дипломатски односи со Португалија и со Кралството Саудиска Арабија. |
| 1994 | Во Скопје е основано Македонско-кинеското друштво за пријателство и соработка. |
| 1995 | Република Македонија е примена во Советот на Европа како 38-ма членка. |
Родени:
| 1389 | Козимо де Медичи — владетел на Фиренца. |
| 1601 | Луј XIII — француски крал. |
| 1783 | Аугустин Итурбиде — генерал, потоа цар на Мексико под името Августин I. |
| 1901 | Иван Милутиновиќ — југословенски комунист, партизан и народен херој. |
| 1920 | Таки Хрисик — македонски композитор и музички педагог. |
| 1922 | Артур Пен — американски филмски режисер. |
| 1953 | Роби Шекспир — јамајски реге-музичар. |
| 1958 | Ирвин Велш — шкотски писател. |
| 1965 | Стив Кер — американски кошаркар и тренер. |
| 1972 | Гвинет Палтроу — амриканска глумица. |
| 1976 | Франческо Тоти — италијански фудбалер. |
| 1982 | Лил Вејн — американски рапер. |
| 1984 | Аврил Лавињ — канадска пејачка. |
| 1987 | Петар Игнатенко — руски велосипедист. |
| 1991 | Симона Халеп — романска тенисерка. |
| 1991 | Марсел Халстенберг — германски фудбалер. |
| 1992 | Гранит Џака — швајцарски фудбалер. |
| 1999 | Елиф Елмас — македонски фудбалер од турска националност. |
| 1999 | Игор Дивеев — руски фудбалер. |
| 2004 | Жоао Невеш — португалски фудбалер. |
Починале:
| 1590 | Урбан VII — римски папа. |
| 1891 | Иван Гончаров — руски писател. |
| 1917 | Едгар Дега — француски сликар и вајар. |
| 2018 | Благој Истатов — македонски фудбалски голман. |
| 2018 | Марти Белин — американски рок-музичар. |
| 2021 | Драган Поповски - Дада — македонски вајар. |
| 2021 | Роџер Хант — англиски фудбалер. |
| 2024 | Меги Смит — англиска глумица. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads