Маријанска Плоча
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Маријанска Плоча ― мала тектонска плоча сместена западно од Маријанскиот Ров кој го образува лежиштето на Маријанските Острови кои сочинуваат дел од Изубонинскомаријанскиот Лак. Таа е одвоена од Филипинската Морска Плоча на запад со раздвојувачка граница со бројни поместувања на преобразучкиот расед. Границата помеѓу Маријанската и Тихоокеанската Плоча на исток е зона на подвлекување со Тихоокеанската Плоча која се спушта под Маријанската. Оваа источно подвлекување е поделена на Маријанскиот Ров, кој ја образува југоисточната граница, и Изуогасаварскиот Ров на североисточната граница. Движењето на подвлеккционата плоча е одговорно за обликот на Маријанската Плоча и задниот лак.[2]

Remove ads
Геолошка историја
Подвлекувањето на Маријанската Плоча трае повеќе од 50 милиони години.[3] Некои теории за потеклото на оваа мала плоча се дека кога Тиокеанската Плоча почнала да се спушта под Филипинската Плоча, вулканизмот и раширениот гребен почнале да прават лак. Оваа геолошка активност предизвикала делот од Филипинската Плоча да се откине и да стане малата Маријанска Плоча. Маријанските Острови се состојат од вулкани кои се активни и неактивни[4] и се составени од вулкански и седиментни карпи од плеистоценот.[5]
Remove ads
Дефинирање на одликите
Како што Тихоокеанската Плоча се спушта под Маријанската Плоча, таа создава ров. Ова е Маријанскиот Ров, и тоа е најдлабокиот ров во светот. Друг резултат од ова подвлекување се Маријанските Острови. Тие се образувани од дехидрација на подвлекувањето, старата океанска кора создава топење, а топењето се издигнува на површината преку вулкан. Овој вулканизам се јавува скоро 50 милиони години.[3] Карпестиот вид во областа се вулканокластични седименти на врвот на магматските карпи. Изворот на овие карпи се од ширење на кората.[5]
Во близина на источниот маријански брег има големи морски планини направени од серпентинитски периодит.[6] Тие биле образувани од вулканизам од кал. Составот за морските планини се разликува во системите на Изуогасаварскиот Ров и Маријанскиот Ров, што укажува на регионални промени во геологијата.[3]
Remove ads
Тектонско однесување
Источна приближувачка граница

Тектонската плоча е приближно 100 км дебела и конвергирање на исток со брзина од 50–80 мм/год. со подвлекување на Тихоокеанската Плоча на 60-100 мм/год.[7] Зоните на подвлекување на Изуогасаварскиот Ров и Маријанскиот Ров се движат со различни стапки.[8] Додека северниот дел од плочата на Изуогасаварскиот Ров се спушта на 44 мм/год., јужниот дел се спушта на 14 мм/год. Тихоокеанската Плоча се спушта на околу 10 степени и е насочена 83 степени западно од север.[4] Северната зона на подвлекување се шири со расцепување, додека јужната има расед.[6] Сеизмолозите проучувале како подвлекувачките плочи под лакот на островите влегуваат во долната обвивка и се пренасочуваат хоризонтално, отклонувајќи ја преодната зона на горната кон долната обвивка.[5][9]
Западна раздвојувачка граница
Маријанската Плоча исто така се одвојува со брзина од 30 мм/год од Филипинската Плоча на запад. Маријанската Депресија се наоѓа на западната страна на островскиот лак заедно со сливот на задниот лак. Околу 3 милиони години, сливот почна да се шири на 4,7 цм/год.[5] Поради задниот лак што се шири во Маријанската Депресија, островите се движат кон исток, додека плочата на Филипинското Море останува речиси неподвижна.[4]
Иднината на плочата
Бидејќи се случува вулканизам на маријанскиот задек лачен ров и басен, овој систем би можел да продолжи да расте, но комбинирајќи ја стапката на одвојување од Филипинската Плоча заедно со подвлекувањето што ја уништува Маријанската Плоча, можно е оваа мала плоча на крајот да се распадне. Стапката на подвлекување е поголема од стапката на подигнување.[10] Судирот на асеизмичките гребени и оската на ровот објаснува како се развива кривината на плочата.[5]
Remove ads
Поврзано
- Маријански Ров
- Маријанска Депресија
- Маријански Острови
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads