Гребен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гребен — подводна или надводна височина на морското дно во плитка вода. Се образува со уништување на карпести дна и брегови или како последица на растење на колонии на корали, некои алги и други гребенообразувачки организми.[1]

Многу гребени се образуваат со абиотски процеси — таложење на песок, ерозија на откриените карпи и други природни процеси — но најпознатите гребени се коралните гребени на тропските води, образувани од растот на колониите на гребенообразувачките организми, преовладувани од корали и варовнички алги. Во овој поглед, гребените биолошки се определуваат како локализирани, плитки структури отпорни на бранови, изградени од организми што лачат вар и лежат на основните образувања од кои тие јасно се разликуваат.[2][3] Подоцна, овој поим почнал да се користи во геологијата за означување на палеонтолошки карпи образувани од организми со варовнички скелети.[4]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads