Марија Георгиева (Битола)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Марија Георгиева - Мери (27 јуни 1924 во Битола — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Од септемвpи 1941 година учествувала во НОД во Битола. Била член на скоевска група. Растурала летоци, собирала доброволни прилози, опфаќала младинки. Нејзината куќа за цело време на војната претставувала база преку која партизанскиот одред се поврзувал со градот. Се одржувале состаноци и чувала илегалци, курири на одредот, одржувала врска со илегалците. Носела храна на nолитичките затвореници. Во декември 1943 година стапила во Прилепскиот партизански одред, како санитетка. Потоа се префрлила во Битолскиот партизански одред со кој преминала на грчката територија. Станала санитетка во баталјонот, а подоцна во Седмата македонска ударна бригада. Во октомври 1944 година била префрлена во битолската воена болница каде останала до јануари 1945 година. Во јануари 1945 година била назначена за санитетски референт на регрутниот центар во Куманово на која должност се останала до февруари истата година, а потоа до 15 јули 1945 година ја извршувала должноста помошник санитетски референт на Првиот дополнителен баталјон на скопското воено подрачје во Куманово.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads