Маркова Нога
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Маркова Нога — месност близу селото Долно Дупени, која претставува најјужна точка во Република Македонија.
Оваа статија се однесува на месност и најјужна точка во Република Македонија. За археолошкото наоѓалиште, погл. Маркова Нога (Долно Дупени).
Граничен премин

Граничниот премин „Маркова Нога-Герман“ бил отворен до 1960-тите години, кога Грција одлучила целосно да го затвори. Долго време се правеле обиди од страна на македонските власти за негово повторно одбивање, но се наидувало на грчко одбивање.
Уште во 2006 година, Владата била целосно подготвена и технички и политички овој граничен премин да биде отворен.[1]
Последните обиди за повторно отворање на овој граничен премин дошло на средбата на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Попоски и Никос Коѕијас, соодветно.[2]
Како резултат на потпишувањето на Преспанскиот договор и решавањето на спорот за името, се создала поголема можност за отворање на овој граничен премин, а во март 2019 година била потпишана спогодба за негово ставање во функција.[3]
Remove ads
Природна реткост

Во месноста „Маркова Нога“ се наоѓа камен („чудо на природата“), за кој се верува дека ја чува трагата од еднометарското стапало на Крале Марко.[4]
Според легендата на мештаните, пред многу години кога Крале Марко се шетал по крајбрежјето на Големото Преспанско Езеро, тој посакал да го види и Малото Преспанско Езеро (денес во соседна Грција) поради што се поткачил на еден камен — оставајќи трага на каменот.[4]
Каменот со трагата од Марковата нога се наоѓа во дворот на караулата која го носи неговото име. Надлежните во касарната велат дека сите граѓани што сакаат да го видат каменот може да дојдат, но претходно да се најават.[4]
Remove ads
Плажа
Во непосредна близина на затворениот граничен премин, покрај самиот брег на езерото, се наоѓа новоотворената плажа „Дупени бич“, која се протега до самата гранична линија со соседна Грција.[5]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads