Никос Коѕијас
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Никос Коѕијас или Николаос Коѕијас (грчки: Νικόλαος Κοτζιάς, роден на 21 декември 1950 г. во Атина, Грција) — грчки дипломат и политичар како и поранешен министер за надворешни работи. Првпат на таа функција бил од 27 јануари до 28 август 2015 година, а вторпат од 23 септември 2015 година до 20 октомври 2018 година[1]. Тој бил номиниран од левичарската политичка партија Сириза во јануари 2015 година да се заколне како член на кабинетот на премиерот Алексис Ципрас.
На 17 јуни 2018 година, заедно со неговиот македонски колега Никола Димитров и специјалниот претставник на Генералниот секретар на Обединетите нации Метју Нимиц, го потпишал Преспанскиот договор со кој Република Македонија се преименува во Република Северна Македонија, ставајќи крај на 27-годишниот спор за името.
Remove ads
Библиографија
- Глобализација; Историското место и иднината. Публикации Кастаниотис (2003)
- Активната демократска држава; Држава на нацијата и глобализација. Соавтор: Петрос Лиакурас. Публикации Кастаниотис (2004)
- Односите меѓу ЕУ и САД: Поправка на трансатлантскиот јаз. Уредено со Петрос Лиакурас. Полгрејв Мекмилијан (2006)
- Зад високите политики: Ветувања и граници на злижувањето, Во долгата сенка на Европа: Грците и Турците во ерата на постнационализмот. Брил (2009)
- Грчката надворешна политика во 21 век; За нова, активна, демократска стратегија во ерата на глобализација. Публикации Кастаниотис (2010)
- Спасувачката политика против Тројката и демократска Грција. Публикации Ливанис (2012)
- Грција, колонија на долгови; Европската империја и германскиот примат. Публикации Патакис (2013)
- Патриотизмот и левичарството. Публикации Патакис (2014)
Remove ads
Почести
Големиот крст на Орденот за заслуги (Португалија) - 30 јануари 2017 г.[2]
Витез на Големиот крст на Орденот за заслуги (Италија) - 3 мај 2017 г.[3]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads