Маркови Кладенци

врв на Огражден во Петричко, Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Маркови Кладенциmap
Remove ads

Маркови Кладенци (бугарски: Маркови кладенци), ретко Кадиев Врв (Кадиев връх) — врв на планината Огражден сместен од страната на Петричко, Пиринска Македонија. Се издига на висина од 1.523 м на главното планинско било, југоисточно од врвот Билска Чука и западно од врвот Куковски Чукар. На југозапад од него се двои ридот Равнако, а на североисток е ридот Јаковска Планина. Врвот е заоблен со благи падини, сочинет од метаморфни карпи. Почвата е кафеава шумска и планинско-ливадска. Билото е голо, обраснато со тревна растителност. Падините се покриени со букови шуми (претежно од север), а на места се пошумени со бел бор. Врвот дава панорамски поглед во сите насоки.[1]

Кратки факти Маркови Кладенци, Највисока точка ...
Remove ads

Име

Името на врвот доаѓа од двата извора (денес пресушени) на југоисточното подножје кои се поврзани со народните преданија за Крали Марко.

Искачување

Главно пристапно место за искачувањето на Маркови Кладенци е селото Првомај, каде по асфалтиран пат се доаѓа до јужното подножје. Од селото Долна Рибница започнува планинарска патека обележана со црвено, по која до врвот се стасува за 4 часа.

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads